Во сириски град ќе „никне“ копија на Аја Софија
Објавено во: Свет 30 Јули, 2020
Во Сирија ќе се гради христијанска црква, копија на Aja Софија во Истанбул.
Православна христијанска црква ќе се изгради во реонот на сирискиот град Хама во која ќе се богослужи за христијани во државата и од странство.
Информацијата ја објави турскиот весник Сабах, кој се повикува на либански медиуми.
Идејата првично била на Николас Балбаки, кој е владика во Грчката православна црква во градот Хама.
Проектот бил претставен на командата на руските вооружени сили кои се дислоцирани од Сирија.
Се верува дека проектот добил одобрение од Русите.
Градбата е предвидено да биде во градот Сукајлебие, област Хама, населен претежно со православни христијани.
Грците веќе нема да емитуваат турски серии револтирани од оваа одлука.