26 Април, 2024
0.0443

Во Скопје се помалку новозаразени, загрижува состојбата во Штип, за една недела 192 нови случаи на Ковид-19

Објавено во: Македонија 25 Јули, 2020

Добивај вести на Viber

Во текот на изминатава недела, епидемиолошката крива на коронавирусот е во постојано опаѓање. Трендот на намалување на новозаразените е карактеристичен за главниот град. Во саботата во Скопје, на 18.јули кога беше регистриран рекорден број на заразени со Ковид, позитивни на вирусот во главниот град имаше 73. Па потоа бројот се намалуваше, односно беа регистрирани, 57 во неделата на 19.јули, на 20.јули само 24, па 52, а вчера бројот на новозаразени во Скопје беше 45.

Според епидемиолозите, трендот на опаѓање на епидемиолошката крива се очекува да продолжи и во наредните денови. Но, според нив, загрижува состојбата во Штип, каде што само во текот на оваа недела, односно од 18. до 25. јули вкупниот број на новозаразени изнесува дури 192.

-Извор на заразата се вработените во конфекциите. Дури во 8 фабрики за текстил има регистрирано позитивни на вирусот. Двоцифрените бројки за град што брои дури десет пати помалку население од Скопје е премногу. Ова е директна последица на непочитувањето на мерките за заштита. Во градот не се носат маски, тоа е генералната слика, велат за Фактор извори од Центарот за јавно здравје.

Истовремено, епидемиолозите посочуваат дека во регионот не сме најлоши, но далеку сме од посакуваната состојба и нагласуваат дека дури и Шведска која во почетокот на пандемијата не ги воведе рестриктивните мерки и протоколите за заштита, по неколку месеци признава дека само 10 проценти од популацијата создале антитела, а тоа не значи колективен имунитет.

-Нивната проба, практично не даде резултати во однос на овој вирус кој се уште е голема непознатица за науката, истакнуваат епидемиолозите во земјава. 

А.Б.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот