25 Април, 2024
0.0274

Во случај на катастрофа најдобро помагаат соседите

Објавено во: Мои пари 16 Октомври, 2018

Добивај вести на Viber

Против поплавите, пожарите, земјотресите и другите природни несреќи ниту една земја не може и не треба да се справува сама. За поголема отпорност на градовите и населените места е потребно градење на мрежа, меѓусебна поврзаност на општините, на организациите за справување со кризи и службите за цивилна заштитта. Ова се заклучоците од дводневната Регионална конференција што се одржа во Скопје, во организација на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во рамки на регионалниот проект South East Europe Urban Resilience Building Action Network ( www.seeurban.eu) финансиран од Европската унија.

„Вообичаена изрека е дека „катастрофите не познаваат граници“ и тоа е вистина, но многу често остануваме само на тие изреки, без да се изоди наредниот чекор за да ги направиме нашите заедници поотпорни на катастрофи. Токму затоа, регионалниот SEE URBAN проект оди во насока на формализирање на соработката на локалните заедници за смалување на ризиците од катастрофи и се темели на една друга изрека, „во случај на катастрофа најдобро помагаат соседите“, рече Крунослав Катиќ, регионален технички советник во Програмата за развој на Ибединетите нации (УНДП).


„Во Македонија треба да се работи на менување на постоечката законска рамка, на подигање на свеста кај граѓаните, да се зајакнат инспекциите за постоечката сеча на шумите, управувањето со отпадот и одржувањето на речните корита и канали. И локалните и централните власти во своите буџети треба да издвојат средства за превенција и за градење капацитети, а не само средства откако нешто ќе се случи“, изјави Анита Коџоман, раководител на Програмата за животна средина и намалување на ризици од несреќи и катастрофи во УНДП Скопје.

За две години се оформени 11 локални платформи за намалување на ризиците од катастрофи во Југоисточна Европа со 283 општини и градови од целиот регион.

„Споделувањето на искуства е од извонредна важност. Би сакале на оваа идеја да се придружат и други земји. Хрватскиот модел може да се примени во овој регион, а потоа да го прошириме и на други земји, кои сега беа набљудувачи, Ерменија, Грузија, Азербејџан и Молдавија“, рече Армен Григоријан, советник за климатски промени, отпорност кон несреќи и катастрофи и енергетски политики во Регионалниот центар на УНДП во Истанбул.

На Регионалната конференција покрај Македонија, учествуваат претставници на општини и служби за цивилна заштита од Албанија, Црна Гора, Косово, Хрватска, Босна и Херцеговина, Молдавија, Ерменија и Грузија.

Можеби ќе ве интересира

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка