Во соседството се роди бебе со два пола
Објавено во: Балкан 04 Септември, 2019
Во Косово се роди бебе со два пола, кое тежи само 995 грама.
Тоа е родено предвреме на Гинеколошко-акушерското одделение во болницата во Приштина.
Бебето после раѓањето е префрлено на Одделението за неонатологија, каде е подложено на неопходни лекарски прегледи со оглед на тоа дека, како што се наведува, ваквите појави во Приштина досега не се забележани.
Меѓутоа, директорот на Неонатологија, Џевдет Гојновци, вели дека случаи на двополни бебиња се лекуваат на таа клиника и дека ова е второ бебе родено со вакви генетски пореметувања.
Според неговите кажувања, станува збор за случаи кои во медицината се третира како синдром на хиперплазија на надбубрежната жлезда.