Во Србија 130 болни од корона се на респиратпри, денеска 345 нови случаи
Објавено во: Балкан 11 Јули, 2020
Во последното деноноќие во Србија се регистрирани 345 нови случаи на коронавирус, а тестирани се 7.032 лица.
Во истиот период починале 12 лица. Процентот на смртност е 2,11 отсто.
Во моментов во болниците во Србија на респиратор се 130 пациенти, а вкупниот број на активни случаи изнесува 3.911, објавено е на веб-страницата на српското Министерство за здравство.