Во Србија 2.000 медицински сестри се отсутни од работа поради инфекција со корона
Објавено во: Балкан 25 Јануари, 2022
Во Србија 2.000 медицински работници се на боледување поради коронавирусот.
Министерството за здравство соопшти дека 29 се на болничко лекување, а останатите се во изолација.
Во Србија од досегашниот најсилен врв на коронавирусот десеткуван е здравствениот персонал, јави дописникот на МИА од Белград.
Професорот д-р Владимир Ѓукиќ, директор на КБЦ „Д-р Драгиша Мишовиќ“, за „Новости“ изјави дека во оваа болница од 64 медицински сестри на хируршкиот оддел, дури 22 се болни.
foto freepik.com