ВО СРБИЈА ХОСПИТАЛИЗИРАНИ 4.400 БОЛНИ ОД КОВИД: Најголем број заразени во Белград и во Нови Сад
Објавено во: Балкан 31 Јули, 2020
Директорката на
институтот за Јавно здравје и член на Кризниот штаб, Верица Јовановиќ изјави
дека 4.400 пациенти болни од
Ковид-19 се хоспитализирани во болниците ширум Србија. Најголем број од
заразените, како што вели се во Белград, потоа во Нови Сад и во Шабац.
Нагласува дека малку деца заразени со вирусот се хоспитализираат и во Србија, сосема слично како и во светот, така што во детскиот Ковид-центар има само 8 деца.
Во однос на вакцината, Јовановиќ потенцира дека на развојот на вакцината против корона вирусот таботат повеќе од 120 компании во светот, по што се очекува да се завршат и фазите на тестирање, потоа да се дистрибуира во земјите во светот.