Во Србија има над 18.000 заразени со корона
Објавено во: Балкан 18 Јануари, 2022
Србија има нов рекорд на заразени со коронавирусот.
За 24 часа има 18.006 граѓани заразени со коронавирусот, а починале 26 луѓе. Тестирани се вкупно 39.740 граѓани. 12.797 позитивни на коронавирус се регистрирани вчера во Србија, а починале 27 пациенти.
Големи се шансите ова да е крај на короната, изјави српскиот вирусолог Миланко Шеклер за омикрон.
Според него, новите соеви се повеќе и повеќе наликуваат еден на друг и заштитата подобро се совпаѓа.