ВО СРБИЈА ПОЧИНА 141-ВАТА ЛЕКАРКА ЖРТВА НА КОВИД - д-р Ана Чопорда работела во црвената зона и покрај нејзината тешка болест
Објавено во: Балкан 18 Јануари, 2022
Д-р Ана Фишер Чопорда го жртвувала својот живот за да им помогне на пациентите со ковид, иако не морала да работи во црвената зона, бидејќи била исклучително ризична категорија.
Србија ја потресе веста дека храбрата и посветена докторка Ана Фишер Чопорда почина од ковид, на нејзиниот 41 роденден. Оваа жена, мајка и анестезиолог, која доби многу тешки животни битки, и покрај тешката болест и трансплантацијата на бубрег, со која успеа да роди и ќерка, го жртвуваше својот живот за да им помогне на пациентите. Иако не мораше да работи во црвената зона бидејќи беше крајно ризична категорија, Ана тоа го одби.
Според податоците на Сојузот на лекари и фармацевти на Србија (SLFS), Ана е 141-от лекар кој починал во Србија од почетокот на епидемијата на коронавирус.
На списокот се сите лекари за кои од терен се дознало дека починале од ковид. Меѓу нив има и бројни лекари кои работеле во црвените зони или лекувале некои пациенти. Има и млади луѓе како Ненад Максимовиќ (37), Бобан Рајковиќ (32), Александра Цвијовиќ (38) или Соња Ракочевиќ (48), чија смрт ја потресе и Србија.
На списокот има и лекари кои биле во пензија, а правеле приватна пракса, како и оние кои биле само во пензија.