25 Април, 2024
0.0294

Во Струга ќе се решава кој ќе биде кадетски шампион во ракомет

Објавено во: Мои пари 04 Јуни, 2019

Добивај вести на Viber

КЛ7 Струга, Вардар, Прилеп и Еурофарм Работник се четирите најуспешни екипи во кадетска конкуренција кои утре (05.06.2019 г.) во спортската сала „Тими“ во Струга ќе се натпреваруваат за титулата, кадетски првак на државата. Школата за ракомет на капитенот, КЛ7 Струга и агенцијата која ја води организацијата и реализацијата на школите на Кирил Лазаров низ Македонија, КМГ СПОРТ, се домаќини на завршниот турнир во ракомет за момчиња родени 2000 година и помлади, во организација на Ракометната федерација на Македонија.


Првенствено, ракометната федерација домаќинството го додели на екипата на Еурофарм Работник, но по откажување на истото од страна на битолчани, КЛ7 Струга и КМГ Спорт дојдоа во ситуација да го организираат завршниот турнир во нај ракометниот град во државата.

По завршување на регуларниот дел од натпреварите во кадетската лига при РФМ, КЛ7 Струга, Прилеп и Вардар завршија како првопласирани во своите групи, додека тимот на Еурофарм Работник беше втора најдобра екипа и како таква обезбеди пласман на завршниот турнир. Со цел задоволување на стандардите за организација на ваков тип на настани и претставување во вистинско светло, а имајќи предвид краткиот рок за организација,  домаќинот мобилизираше  голем тим и со полна пареа се завршуваат последните подготовки околу организација на Ф4,  со дополнителен мотив плус по освоеното трето место на КЛ7 Струга во младинска конкуренција и пласманот во големото финале во конкуренција на пионери.


Редослед на натпревари:

10.30 ч Еурофарм Работник - Прилеп

12.00 ч Вардар – КЛ7 Струга

Натпревари за пласман:

17.30 ч Натпревар за трето место

19.30 ч Финален натпревар


Можеби ќе ве интересира

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет