29 Март, 2024
0.0269

Во судар на автомобил и автобус 19 завршија со повреди

Објавено во: Македонија 01 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

На крстосницата од регионалниот пат Штип- село Софилари и магистралниот пат Радовиш- Штип- Велес, вчера околу 16:15 часот се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Дачија Логан“ со прилепски регистерски таблици управувано од В.П. (58) од Виница и автобус со кочански регистерски ознаки управувано од Љ.Г. (32) од село Спанчево.

Во незгодата со тешки телесни повреди (фрактура на подлактица, кичма и карлица) се здобила сопатничката од патничкото возило, Д.П. (54) од Виница, која по укажаната лекарска помош во Медицински центар-Штип, поради сериозноста на повредите била пренесена во Клинички центар-Скопје.

По незгодата на лекарски преглед се јавиле двајцата возачи и 17 патници од автобусот, кај кои биле констатирани телесни повреди.

Кај возачот на патничкото возило, В.П. констатирана била тешка телесна повреда (фрактура на градна коска) и по укажаната лекарска помош бил пренесен на понатамошно лекување во Клинички Центар-Скопје.

Увид на местото на настанот бил извршен од страна на увидна екипа од СВР-Штип, а возачите биле алкотестирани и притоа не било констатирано присуство на алкохол во крвта. Се работи на целосно расчистување на случајот.


Можеби ќе ве интересира

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница

ПРАШИНА И ПЕСОК ОД САХАРА - топлотен бран над Балканот и пошироко, температурите и УВ индексот повисоки од просекот

ПРАШИНА И ПЕСОК ОД САХАРА - топлотен бран над Балканот и пошироко, температурите и УВ индексот повисоки од просекот

ОВА СЕ ЦЕЛОСНИТЕ ПРАТЕНИЧКИ ЛИСТИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве кој ќе се натпреварува за собраниско столче во следниот парламентарен состав

ОВА СЕ ЦЕЛОСНИТЕ ПРАТЕНИЧКИ ЛИСТИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве кој ќе се натпреварува за собраниско столче во следниот парламентарен состав

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“