Во светот измерени температури над 50 степени
Објавено во: Свет 02 Август, 2020
Пеколно лето ја очекува Европа.
Од Велика Британија до Италија, регистрирани се температури од 40 или повеќе степени.
Четиринаесет италијански градови се под црвен аларм, а Франција издаде предупредувања за околу една третина од 101 региони.
Десетици илјади парижани се подготвуваат да отпатуваат во постудените региони, според Националната агенција за мониторинг на сообраќајот.
Екстремна температура е регистрирана деновиве и во делови од САД, особено во Аризона, Калифорнија и Долината на смртта.
Делови од Ирак, Иран и Кувајт имаа температура од 53 Целзиусови степени.
Највисоката температура забележана на Блискиот исток била во Кувајт, каде што вчера се измерени 53,1 Целзиусови степени.
Највисоката измерена температура досега во Кувајт била 53,9 Целзиусови степени.