ВО ТЕКСТИЛОТ ДОМИНИРААТ ЖЕНИТЕ: Зошто ретко среќаваме мажи шивачи?

Објавено во: Економија 19 Февруари, 2025 07:58
Во Македонија, мнозинството работници во текстилот се жени, а мажите ги има во многу помал број. Од текстилните компании велат дека повеќе фактори влијаат во овој сектор да работат повеќе жени и многу малку мажи.
Maријана Перковска од Текстилниот кластер објаснува дека во земјава, 95 отсто од работниците во текстилот се жени. За споредба, вели дека во другите држави има многу повеќе мажи во текстилните фабрики.
„Во Турција на пример, има многу мажи коишто работат во текстилната индустрија. Има доста и мажи и жени. Како професија, не е едноставна, не е лесна, мануелна е, си бара предиспозиции, а и кај нас е многу девалвирана. Има и преголемо оптоварување како придонеси, во овој сегмент. Во Тунис, каде што во текстилната индустрија и мажи и жени работат, на 200 евра плата имаат 20 евра придонеси. Порано трудоинтензивните гранки имаа помали придонеси за платите да бидат повисоки. Кај нас 95 отсто од работниците во текстилот се жени. Прашуваат и мажите за работа, ама многу малку. Во принцип мажите се подобри работници на машина од жените. Во Бангладеш исто има многу мажи. Ако сакате да ви дојде работник од тие држави, многу повеќе се мажи. Нема женска, машка работа, туку си зависи од платите, платите зависат од продуктивноста и на крајот на денот, зависи од цената што можете да ја постигнете. Сега младите не сакаат во принцип да работат во производство. Сè е многу комплицирано, многу фактори се во игра. Ставот кон текстилната индустрија е во прашање. Нашите политичари цело време се однесуваат со потценување кон текстилната индустрија. Сите индустрии претрпеа штети во короната, но текстилот е индустрија којашто не смее да се потцени“, вели Перковска.
Од конфекциите во земјава објаснуваат дека мажите шивачи се бројат на прсти.
„На мажите лесно им оди да работат во текстил, ама не се многу на број. Сигурно си бараат работа во други професии, физичка работа. Во цела конфекција имаме двајца мажи шивачи. За увезена работна сила имаше опција и за мажи и за жени да дојдат да работат како шивачи“, додаваат од конфекција од внатрешноста.
Од конфекција во Струмица велат дека мажите не покажуваат интерес за оваа професија.
„Кај нас 100 отсто од шивачите се жени и не паметам кога сме имале маж шивач, а и не паметам маж да дошол да бара работа како шивач“, објаснуваат од струмичка конфекција.
Во последните 20 години доминираат жените во секторот. Од конфекциите велат дека за време на Југославија имало повеќе мажи шивачи.
Сања Атанасовскаfoto freepik.com/senivpetro
Можеби ќе ве интересира
Украинска телекомуникациска компанија излегува на Берза

ДИЗАЈНЕРОТ КОЈ ЗАРАБОТУВА 60 МИЛИОНИ ДОЛАРИ ГОДИШНО - тој го тврди она што на многумина нема да им се допадне, а особено на жените

ДАЛИ НИТУ НАЈБЛИСКИТЕ ПОВЕЌЕ НЕ МУ ВЕРУВААТ - братот на Илон Маск продаде акции вредни речиси 30 милиони долари

ПЛАТИТЕ ВО ХРВАТСКА НИКОГАШ ПОВИСОКИ - но само една третина заработува повеќе од просекот

ЗЕМЈА КАДЕ РАБОТАТ МНОГУ МАКЕДОНЦИ: До 2030 година ќе им требаат половина милион работници

УШТЕ ЕДНА ЗЕМЈА ОД РЕГИОНОТ „УВЕЗУВА“ РАБОТНИЦИ: Им требаат градежници, заварувачи, бравари...

ДЗС ОБЈАВИ НОВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува просечната плата во земјава?
