Во Ургентен примени 28 повредени
Објавено во: Македонија 28 Април, 2017
Во Ургентен центар во Скопје се примени 28 пациенти, од кои 5 се задржани на клиниката, а другите се пуштени на домашно лекување.
На клиниката синоќа била примена и пратеничката од СДСМ, Радмила Шеќеринска, која имала контузна рана на главата.
„Таа има контузна рана, односно повреда на главата, зашиена е и пуштена на домашно лекување. На КАРИЛ примен и задржан е еден од повредените пратеници“ – вели директорот Реџеп Селмани.
Најтешки повреди има пратеникот Зијадин Села.
Тој кажа дека меѓу повредените има и полицајци, податоци за возраста немаше, но кажа дека станува збор за работоспособно население.