Во Ваксинце двајца мигранти од Пакистан држеле во заложништво 19 други
Објавено во: Македонија 13 Јули, 2020
Двајца мигранти беа уапсени во Ваксинце додека 19 други ги држеле во заложништво, соопшти Секторот за внатрешни работи-Куманово.
Полицијата реагирала по добиената информација дека во еден објект во селото две непознати лица држат група на мигранти како заложници, по што ги презеле сите мерки и активности.
Уапсените се од Пакистан. Полицијата работи на целосно испитување на случајот.