Во Велико Трново нудат плата од 2.000 евра, но не можат да најдат лекар
Објавено во: Балкан 13 Септември, 2021
И во Бугарија недостигаат лекари. Болница во Бугарија не може да најде лекар ни за плата од 2.000 евра.
Општинската болница во Велико Трново, бара лекар за плата од скоро 4.000 лева (2.000 евра). Веста ја објави НОВА ТВ, како што додаде дописникот на МИА од Софија, се работи за специјализирана белодробна болница во Велико Трново, која има недостиг од медицински лица, а болницата работи главно со пациенти кои страдаат од Ковид. Раководството на белодробната болница во Велико Трново има позитивно финансиско салдо и бара медицински лица. Почетната плата на младите лекари е 2.000 лева (1.000 евра) доколку се без специјалност, и 2.200 лева (1.100 евра) за дипломирани пулмолози.