28 Март, 2024
0.0272

Во Веро центар ќе се направи најголемата чоколадна торта во Македонија долга 4 метри

Објавено во: Мои пари 13 Декември, 2018

Добивај вести на Viber

Врвни шефови за слатки од земјава во сабота (15 декември) во Веро центар во Скопјеќе ја направат најголемата чоколадна торта во Македонија која потоа ќе им ја поделат на присутните посетители. Приготвувањето на најголемата празнична торта долга четири метри ќе се одвива во рамките на Првиот чоколаден фестивал што го организира „Веро“ во соработка со „Гастромак“ во сабота во Веро центар со почеток од 11часот.


Покрај тортата, посетителите ќе уживаат и во рачно изработено чоколадно село во кое секој елемент може да се јаде, голем Дедо Мраз направен од чоколадо, чоколадно семејство во зимски услови, пралини, чоколадни тартуфи и многу други слатки производи со новогодишни и божиќни мотиви, креации кои ќе бидат само мал дел од изложбената понуда на фестивалот.

Врвни шефови од „Гастромак“ предводени од мастер шефот за слаткиСнежана Ангеловска ќе се обидат да го соборат рекордот за изработка на големата чоколадна торта, во чиј вкус ќе уживаат сите посетители на чоколадниот фестивал точно напладне. Посетителите ќе ги видат и бројните креативни изработки од чоколадо и различни чоколадни фигури кои ќе бидат изложени во холот на Веро центар додека трае фестивалот, што всушност ќе претставува прва самостојна изложба на уникатни чоколадни изработки во земјава.

Дополнително, шефовите за слатки за најмладите посетители ќе организираат чоколадна работилница во која тие ќе изработуваат цртежи сликајќи со чоколада, што ќе биде уникатно и возбудливо искуство за нив. Празничната атмосфера ќе ја збогати Дедо Мраз кој ќе се фотографира со дечињата и на кого тие ќе му ги откријат своите најскриени новогодишни желби.  


- Чоколадото нѐ потсетува на најволшебниот празничен период во годината кога уживаме во различни слатки вкусови. Годинава решивме уште повеќе да им ја доближиме таа магија на посетителите на Веро центар и заеднички да уживаме во врвните чоколадни вкусови и креации на уникатен начин.Тоа е основниот концепт во работењето на Веро – на нашите потрошувачи секогаш да им нудиме уникатни и возбудливи искуства кои долго ќе ги паметат - вели Љубица Короскоска, маркетинг-директор на „Веропулос“ во Македонија.  

Првиот чоколаден фестивал се организира во рамките манифестацијата „Чоколенд“, која „Веро“ традиционално ја организира во декември за да им овозможи на потрошувачите да уживаат во чоколадото и во другите слатки вкусови во претпразничниот период. 


Можеби ќе ве интересира

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија