28 Март, 2024
0.0256

ВО ВРЕМЕ НА УРБАНА ЏУНГЛА, ИЗБЕРЕТЕ ДОМ ОПКРУЖЕН СО ПРИРОДА

Објавено во: Мои пари 13 Јуни, 2018

Добивај вести на Viber

Во време на сообраќаенметеж и урбанистички хаос во главниот град, секој заслужувадом во мирна и урбана средина,каде што може да ужива водинамичното секојдневие.

Населбата Криви Дол е една од новите атрактивни локации, која нуди одлични услови за квалитетен живот за целото семејство, а е вистински избор за сите што сакаат да живеат во чиста и зелена околина,на само 3км од центарот на градот.

Во населбата Криви Дол во тек е изградбата на новиот станбен објект Riverview Residence, најновиот проект на градежната фирма „Бортас“, која има 27-годишна традиција во изведба на станбени објекти наменети за пазарот на недвижности.Објектот Riverview Residence се наоѓа на самиот кеј на реката Вардар, со непречен поглед кон Градскиот парк и Водно, изолиран од градскиот метеж, а сепак близу до центарот на градот.



Зошто Riverview Residenceе идеалното место за вас и за вашето семејство?

Благодарение на одличната местоположба на објектот, Riverview Residence ги нуди сите услови за пријатен живот во динамичното секојдневие. Една од главните придобивки на локацијата е непосредната близина на Градскиот парк, кој ќе ви овозможи вам и на вашето семејство чист и отворен простор за уживање во физичките активности кои имаат позитивно влијание врз вашeто здравје и развој.

Riverview Residence е граден во согласност со сите светски стандарди со парковски површини во приземјето и зелени тераси на катовите. Тоа што го прави овој објект посебен е модерниот изглед и функционалниот распоред на становите, кои се внимателно решени и приспособени на секојдневните потреби на урбаниот човек.



Со особено внимание и следејќи ги најновите архитектонски трендови, во целокупниот процес на градба се користат висококвалитетни, првокласни материјали и опрема за уредување на внатрешноста на секој стан, а идните сопственици ја имаат можноста да направат сопствен избор на дел од материјалите и опремата по сопствен вкус.

Иако самата околина е мирна и тивка, објектот е со одлична звучна и термичка изолација,што овозможува оптимална заштеда на семејниот буџет. Објектот има енергетска ефикасност одА-класа со сопствен (индивидуален) систем на греење и вграден клима-уред во секој стан.За безбедноста на секој дом е инсталиран и видеонадзор 24/7 и видеофонија, а за возилата се обезбедени надземни и подземни паркинг-места во рамките на сопствената парцела.

Од „Бортас“ велат декасо новата зграда сакаат да понудат еден нов концепт на домување, кој ќе овозможи убаво и пријатно живеење во секој дел од денот. „Одлуката за избор на сопствен дом е навистина важна и токму затоа сакаме на нашите купувачи да им понудиме решение кое ќеим овозможи висок квалитет на живеење за нивното семејство.Riverview Residence е внимателно проектиран објект, кој ги нуди сите овие услови, без притоа да се откажете одживотот во градот и навременото извршување на секојдневните обврски.“

Тимот на „Бортас“ Ве очекува и со задоволство ќе ве води низ целиот процес, од правата одлука до вселувањето. Повеќе информацииза Riverview Residenceна следниот линк или на: +389 2 32 27 625 или bortas@bortas.com.m



Можеби ќе ве интересира

Комерцијална банка го одржа редовното Годишно собрание на акционери

Комерцијална банка го одржа редовното Годишно собрание на акционери

Макстил станува стратешки партнер на СОС Детско село

Макстил станува стратешки партнер на СОС Детско село

Онлајн-промоција на романот „Лекцијата на месечарот“ од португалскиот писател Фредерико Педреира

Онлајн-промоција на романот „Лекцијата на месечарот“ од португалскиот писател Фредерико Педреира

Мобилната вештачка интелигенција Galaxy AI ќе биде достапна на избрани модели на уредите на Galaxy

Мобилната вештачка интелигенција Galaxy AI ќе биде достапна на избрани модели на уредите на Galaxy

dm дрогерие маркт ја продолжува својата експанзија: Се отвора нова дрогерија во „Cevahir Mall“ во Скопје!

dm дрогерие маркт ја продолжува својата експанзија: Се отвора нова дрогерија во „Cevahir Mall“ во Скопје!

ТИМОТ ПРЕДВОДЕН ОД Д-Р ИЛИЕВ ИЗВЕДЕ УСПЕШНА ИНТЕРВЕНЦИЈА НА 92-ГОДИШНА ПАЦИЕНТКА

ТИМОТ ПРЕДВОДЕН ОД Д-Р ИЛИЕВ ИЗВЕДЕ УСПЕШНА ИНТЕРВЕНЦИЈА НА 92-ГОДИШНА ПАЦИЕНТКА

City Fashion отвори нова моно бренд продавница KARL LAGERFELD во Skopje City Mall: Добредојдовте во светот на KARL LAGERFELD

City Fashion отвори нова моно бренд продавница KARL LAGERFELD во Skopje City Mall: Добредојдовте во светот на KARL LAGERFELD

Македонија2025 доделува стипендии за четвртиот Охрид камп за високотехнолошка извонредност

Македонија2025 доделува стипендии за четвртиот Охрид камп за високотехнолошка извонредност

Општина Дојран се вклучува во општествено одговорната кампања на „Макпетрол“

Општина Дојран се вклучува во општествено одговорната кампања на „Макпетрол“