14 Февруари, 2025
0.0306

ВО ЗАТВОР КАКО ВО МОБИЛАРА: Еве колку мобилни биле најдени во Шутка и тоа само вчера

Објавено во: Македонија 04 Февруари, 2025

Добивај вести на Viber

Седумдесет телефони само вчера биле откриени кај притвореници во Истражниот затвор „Скопје“ (Шутка) во претреси во 40 ќелии,  извршени од интервентна единица од затворот „Идризово“, соопшти директорот на Управата за извршување санкции Александар Пандов.

Во интервју во Дневникот на ТВ Сител тој рече дека затворскиот полицаец во саботата не ја проверил кутијата со бисквити во која бил телефонот за Васил Јованов и се сомнева, рече, дека тој не знаел што има внатре односно „тоа не го направил онака, од наивност“. Затворскиот полицаец е суспендиран во саботата, а наредниот ден и негов колега, исто така, бил суспендиран за телефон даден на притвореничка.

-Од една притворска ќелија, даден е телефонот преку кутија со бисквити во друга притворска ќелија и тоа го направил затворски полицаец... Убиецот на Фросина бара телефон, стапува во контакт со ова лице, тој го насочува парите да бидат исплатени на неговиот брат, 250 евра се дадени. Тројца сведочеа и истото го повторуваа, дека близок, од најтесен круг на семејството на Јованов, ги има дадено тие пари на братот на другото притворено лице, рече Пандов. 

Тој тврди дека во најголем дел мобилните во затворите ги внесуваат затворските полицајци и дека во  корумпирано општество како нашето, затворскиот систем е најкорумпиран. Освен новите раководители на затворите, во овие казнени установи, рече, работи истиот персонал што го наследиле.   

Соопшти дека во моментов во Обвинителство се води постапка против триесет и двајца, а против сто затворски полицајци и други вработени во затворите се поднесени дисциплински постапки. За да се справат со корупцијата во затворите, формирани се интервентни единици - една во „Идризово“ и една во затворот во Штип. 

Според Пандов, сега се прават пет пати повеќе претреси од претходно и за разлика од порано кога, како што рече, при претресите се наоѓале само два-три расипани телефони, сега наоѓаат и 70 во еден ден, колку што денеска откриле 15 луѓе од интервентната единица од „Идризово’ претресувајќи 40 ќелии во затворот „Скопје“ (Шутка) каде што има 270 притвореници.

-Тврдам дека во најголем дел се внесени од тие затворски полицајци коишто и ден-денес таму уште работат...Тврдам дека во затворскиот систем е најголемата корупција, рече Пандов.

Соопшти дека Затворската полиција има висока плата и бенефициран стаж,  почетната е над 40.000 денари, а тие со повисоки чинови, рече, земаат и над 1.000 евра.

Во интервјуто Пандов кажа дека во минатото имало вработени затворски чувари кои порано биле затвореници.  Во изминатите седум месеци најмалку 20 затворски полицајци се избркани од работа и „тој процес нема да прекине“. Најави и нови вработувања на луѓе кои ја сакаат работата и се чесни. 

-Не се сите такви, запознав и многу чесни луѓе, патриоти, кои си ја саат работата, и за жал, знам и голем дел на  луѓе на кои не им е местото таму и да носат униформа со ознаки на Република Македонија... Има млади и чесни дечки за кои таа плата е доволен мотив да работат, додаде Пандов.


Можеби ќе ве интересира

„ДА БЕШЕ ЖЕНА КОЈА КОРИСТИ БОТОКСИ И ФИЛЕРИ, МАКЕДОНИЈА ЌЕ ЛИЧИ НА УНАКАЗЕНА ЖЕНА ОД НАДРИЛЕКАРИ И ПАЗАРЏИИ ЗА СИТНА ПАРА“: Трајкоска жестоко за смената на државниот грб

„ДА БЕШЕ ЖЕНА КОЈА КОРИСТИ БОТОКСИ И ФИЛЕРИ, МАКЕДОНИЈА ЌЕ ЛИЧИ НА УНАКАЗЕНА ЖЕНА ОД НАДРИЛЕКАРИ И ПАЗАРЏИИ ЗА СИТНА ПАРА“: Трајкоска жестоко за смената на државниот грб

ГОЛЕМИ ПАРИ ЗА РЕНОВИРАЊЕ И ОПРЕМУВАЊЕ НА ГОБ „8 СЕПТЕМВРИ“: Сума од 12 милони евра од ТАВ одат во скопската општа градска болница

ГОЛЕМИ ПАРИ ЗА РЕНОВИРАЊЕ И ОПРЕМУВАЊЕ НА ГОБ „8 СЕПТЕМВРИ“: Сума од 12 милони евра од ТАВ одат во скопската општа градска болница

ЗА ФРОСИНА, ЗА ИГОР ЈУГ И ЗОРАН ЗАЕВ: Груевски сподели како се контролираат возачите во Унгарија, а го кажа ставот и за осудените за 27 април

ЗА ФРОСИНА, ЗА ИГОР ЈУГ И ЗОРАН ЗАЕВ: Груевски сподели како се контролираат возачите во Унгарија, а го кажа ставот и за осудените за 27 април

МАКЕДОНСКИ ШЕФ НА ЕВРОПСКА НАРКО-МАФИЈА И ПАДНАЛ ВО РАЦЕ НА ПОЛИЦИЈАТА ВО ЖЕНЕВА: Го сменил името и се надевал дека нема да го фатат

МАКЕДОНСКИ ШЕФ НА ЕВРОПСКА НАРКО-МАФИЈА И ПАДНАЛ ВО РАЦЕ НА ПОЛИЦИЈАТА ВО ЖЕНЕВА: Го сменил името и се надевал дека нема да го фатат

ЕВЕ ГО МОМЕНТОТ КОГА О НИЛ ГО СООПШТУВА ИМЕТО НА ЃОРЧЕВ И ГО ПОКАЖУВА НА ФОТОГРАФИЈА: Молел да не се сруши владата во 2016 година

ЕВЕ ГО МОМЕНТОТ КОГА О НИЛ ГО СООПШТУВА ИМЕТО НА ЃОРЧЕВ И ГО ПОКАЖУВА НА ФОТОГРАФИЈА: Молел да не се сруши владата во 2016 година

„НИТУ ЕДНО ЖИВОТНО НА ГРБОТ НЕМА ДА ДОНЕСЕ ПОВИСОК ЖИВОТЕН СТАНДАРД“: Се огласи Макрадули за државниот грб и неговата измена

„НИТУ ЕДНО ЖИВОТНО НА ГРБОТ НЕМА ДА ДОНЕСЕ ПОВИСОК ЖИВОТЕН СТАНДАРД“: Се огласи Макрадули за државниот грб и неговата измена

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Промена на грбот ќе има, но Касами говори дека и химната треба да се смени

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Промена на грбот ќе има, но Касами говори дека и химната треба да се смени

Дали Влатко Ѓорчев е Македонецот кој молел Стејт департментот да не ја урива Владата на Груевски?

Дали Влатко Ѓорчев е Македонецот кој молел Стејт департментот да не ја урива Владата на Груевски?

КОСТАДИНОВ: Од денес над Македонија, до Рока Мандолина!

КОСТАДИНОВ: Од денес над Македонија, до Рока Мандолина!