Во земја од соседството учебната година ќе почне во ноември
Објавено во: Балкан 30 Септември, 2020
Албанија го одложи почетокот на учебната година.
Земјата го одложи стартот на училишната година за ноември.
Оваа одлука е донесена откако бројот на заразени од коронавирусот во еден ден се зголеми на 127.
Во август е одлучено училиштата да почнат со настава на средината на септември, но сега таа одлука е променета.
Во Албанија вкупно заразени се 13.518 луѓе, а од коронавирусот починаа 384.
Во Македонија наставата почнува утре.Во Црна Гора ќе работат по принципот на „семафор“, а во Србија веќе тече учебната година.