Во земја во регионот БДП лани се намали за повеќе од 15 проценти
Објавено во: Економија 22 Септември, 2021
Според Монстат, БДП на Црна Гора лани се намали за 15,3 проценти.
Евростат објави дека Црна Гора имала најголем пад на БДП од европските земји. Само Ирска со 5,9 проценти и Турција со 1,8 проценти лани забележаа раст.
БДП на Црна Гора минатата година изнесува 4,19 милијарди евра, а во 2019 година изнесувал 4,95 милијарди евра.
„БДП по глава на жител минатата година изнесуваше 6.740 илјади евра, додека во 2019 година изнесуваше 7.960 евра“, се вели во соопштението.
Просечниот економски пад во земјите од Европската унија (ЕУ) беше 5,9 проценти.