Во земја во регионот фалат 6000 ИТ техничари
Објавено во: Балкан 10 Мај, 2018
Потреба од кадри има и БиХ.
Министерот за комуникации и транспорт на Босна и Херцеговина, Исмир Јуско денеска кажа дека им се потребни 6.000 работници во секторот за информациски технологии.
Тој вели дека треба да се работи на анимирање на младите луѓе за оваа струка, особено ако се има предвид хиперпродукцијата во некои други струки.
Јуско, на отворањето на конференцијата за потенцијалите на развојот на софтверската индустрија во БиХ, додаде дека земјата и регионот имаат дефицит во ИТ секторот и дека речиси е невозможно да се најде невработен кадар од таа бранша.