(ВО ЖИВО) УПАД ВО РTС: Демонстранти влегоа во телевизијата
Објавено во: Балкан 16 Март, 2019
Демонстранти упаднаа во зградата на Радио-телевизија Србија за време на протестот „Еден од 5 милиони“ во Белград.
Неофицијално прв во зградата влегол претседателот на Двери и еден од лидерите на Сојузот за Србија Бошко Обрадовиќ.
Полициска екипа специјалци брзо реагирала за да го спречи хаосот.
Протестите во Србија под слоганот „1 од 5 милиони“ започнаа есента 2018 година, по инцидентот во кој беше претепан лидерот на Левицата во Србија, Борко Стефановиќ. Според нивната стратешка цел и организација, тие се индиректно продолжување на „протестите против диктатурата“ од 2017 година и се насочени против начинот на кој српскиот претседател, Александар Вучиќ, ја спроведува власта.
Тие претставуваат најдолготрајни масовни антивладини демонстрации во Србија од времето на петто-октомвриските промени во 2000 година.