ВО ЗНАК НА БЛАГОДАРНОСТ: Доналд Трамп доби езеро на Косово
Објавено во: Балкан 25 Септември, 2020
Aмериканскиот претседател Доналд Трамп доби езеро на Косово.
Србите на северот на Косово и Метохија поставиле транспаренти на Брњачкиот мост и на браната на езерото Газивода, со кои му испратиле порака за поддршка на Трамп.
На мостот е закачен транспарент со порака на англиски јазик „Претседателе Трамп, косовските Срби ви благодарат што воспоставивте мир“, пренесува порталот „Косово онлајн“.
Транспарентот е поставен на браната на езерото Газивода и на него пишува „Езеро Трамп“.
Ова е поради неговата борба за мир и напредок во регионот и неговиот ангажман во дијалогот меѓу Белград и Приштина.Србија и Косово во четвртокот се согласија да го именуваат езерото на спорна територија според претседателот Доналд Трамп, пренесува „Газета експрес“.
Езерото, познато кај Косоварите како Ујман, а кај Србите како Газивода, е предмет на спор меѓу двете земји: околу 80 отсто од неовите води се на Косово, а 20 отсто во Србија.
Koсовските власти потврдија дека ваква иницијатива постои.