23 Ноември, 2024
0.0267

ВОЕНИОТ СОВЕТНИК НА ТРАМП – ЗАПАДОТ СЕ СООЧУВА СО НАЈГОЛЕМАТА ЗАКАНА ОД 1945: Генералот Кин ја анализира ситуацијата

Објавено во: Свет 23 Ноември, 2024

Добивај вести на Viber

Во услови на зголемени стравови од Трета светска војна, додека рускиот претседател Владимир Путин вети дека ќе продолжи со големите ракетни напади врз Украина, „воените игри со се повоинствената оска на моќ го ставија Западот во најголема опасност од крајот на Втората светска војна“, предупредува американскиот воен функционер и советник на Доналд Трамп, пишува денеска конзервативниот лондонски весник „Дејли мејл“.

Заканата од директен конфликт со Русија поради војната во Украина ескалира во последните денови по одлуката да му се дозволи на Киев да истрела проектили со долг дострел длабоко во Русија, што предизвика остро предупредување од Москва за нуклеарна одмазда, наведува весникот

Генералот Џек Кин, поранешен заменик началник на Генералштабот на американската армија, изјави за лондонски „Тајмс“ - пренесува „Дејли мејл“ - дека војната во Украина ќе остане главен приоритет на новата американска администрација и покрај стравувањата дека Трамп може да ја повлече поддршката на САД за напорите на украинската војна.

Кино оценува дека одлуката на Северна Кореја да ги зајакне руските линии со свои трупи „е најголема ескалација во досегашниот тек на војната“. Исто така предупредува дека се посилниот сојуз помеѓу Русија, Северна Кореја, Иран и Кина претставува „најсериозен и најопасен предизвик“ за Западот во последните речиси 100 години.

„Путин ги забрзува работите. Јас сум за преговарање со него кога тоа е во најдобар интерес на Украина. Но, не мислам дека тој сака да преговара за договор. Тој повеќе би сакал да ја окупира целата таа земја“, смета генералот.

Тензиите дополнително се зголемија откако Русија истрела експериментална балистичка ракета со среден дострел врз Днепар на 21 ноември.

Генералот Кин предупреди дека додека Русија се бори да ги оствари ветените „големи придобивки“ и трпи 30.000 жртви секој месец, Москва ефикасно соработува со своите сојузници.

фото: EPA-EFE/VYACHESLAV PROKOFYEV

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ПОЛОВИНА ЕВРОПА ПОД СНЕЖНО НЕВРЕМЕ: Завеани камиони на патиштата, повредени луѓе низ градовите, прекини во сообраќајот....

ПОЛОВИНА ЕВРОПА ПОД СНЕЖНО НЕВРЕМЕ: Завеани камиони на патиштата, повредени луѓе низ градовите, прекини во сообраќајот....

РАЗЛИКИ МЕЃУ ХИПЕРСОНИЧНАТА И ИНТЕРКОНТИНЕНТАЛНАТА БАЛИСТИЧКА РАКЕТА: Една е клучна

РАЗЛИКИ МЕЃУ ХИПЕРСОНИЧНАТА И ИНТЕРКОНТИНЕНТАЛНАТА БАЛИСТИЧКА РАКЕТА: Една е клучна

„ЌЕ ГО ТЕСТИРАМЕ ИСКЛУЧИВО ВО БОРБА“, базата во Полска е приоритетна цел на Русија

„ЌЕ ГО ТЕСТИРАМЕ ИСКЛУЧИВО ВО БОРБА“, базата во Полска е приоритетна цел на Русија

ГЕРМАНИЈА ИМ ДАВА ПАРИ НА МИГРАНТИТЕ ДА ЈА НАПУШТАТ ЗЕМЈАТА: „Одбиени им се барањата за азил, треба доброволно да заминат“

ГЕРМАНИЈА ИМ ДАВА ПАРИ НА МИГРАНТИТЕ ДА ЈА НАПУШТАТ ЗЕМЈАТА: „Одбиени им се барањата за азил, треба доброволно да заминат“

ДАЛИ ГРЕНЕЛ ЌЕ ЈА ДОБИЕ НАЈЗНАЧАЈНАТА УЛОГА, ПРОТЕКОА ИНФОРМАЦИИ: Најверојатно тој ќе треба да ја „реши“ војната Русија-Украина

ДАЛИ ГРЕНЕЛ ЌЕ ЈА ДОБИЕ НАЈЗНАЧАЈНАТА УЛОГА, ПРОТЕКОА ИНФОРМАЦИИ: Најверојатно тој ќе треба да ја „реши“ војната Русија-Украина

СЕВЕРНОКОРЕЈЦИТЕ ПРИСТИГНАА ВО МАРИУПОЛ: Овие војници имаат одвоено сместување, храна, музика и филмови од другите странски трупи

СЕВЕРНОКОРЕЈЦИТЕ ПРИСТИГНАА ВО МАРИУПОЛ: Овие војници имаат одвоено сместување, храна, музика и филмови од другите странски трупи

БЛИЗОК СОРАБОТНИК НА СОРОС ЌЕ БИДЕ МИНИСТЕР ЗА ФИНАСИИ НА САД: Ова е човекот што го номинираше Трамп, „Ќе воведеме ново златно доба“

БЛИЗОК СОРАБОТНИК НА СОРОС ЌЕ БИДЕ МИНИСТЕР ЗА ФИНАСИИ НА САД: Ова е човекот што го номинираше Трамп, „Ќе воведеме ново златно доба“

ШЕФОТ НА УКРАИНСКОТО РАЗУЗНАВАЊЕ: „Орешник“ е само шифра, рускиот балистички ракетен систем се вика „КЕДР“

ШЕФОТ НА УКРАИНСКОТО РАЗУЗНАВАЊЕ: „Орешник“ е само шифра, рускиот балистички ракетен систем се вика „КЕДР“

ПУТИН: Никој нема ракети како Орешник

ПУТИН: Никој нема ракети како Орешник