23 Април, 2024
0.0280

Volkswagen ќе прави електрични автомобили во 16 фабрики

Објавено во: Економија 17 Март, 2018

Добивај вести на Viber

Volkswagen ја предводи електричната револуција. Иако, Tesla ја започна, плановите на Volkswagen ќе ја надминат. Ова беше јасно објавено на годишната прес-конференција во Берлин, каде Матијас Милер најави дел од чекорите за спроведување на „Roadmap E“.

Главниот дел од овој план е дека до крајот на 2022 година компанијата ќе започне со производство на електрични автомобили во 16 фабрики во светот. Тоа е 13 повеќе од сегашните 3 во кои VW Group произведува електрични автомобили во моментот.

„Промена на курсот на супертанкерот Volkswagen – целосно напред кон иднината!“ За две години, фабриките способни за производство на електрични возила мора да станат 9. Во следните две, мора да бидат подготвени и останатите 4.

Друг аспект на „Roadmap E“ е потпишувањето на договори со производители на батерии во Кина и Европа, кои мора да гарантираат снабдување за електричната гама I.D.. Овие договори ќе изнесуваат 20 милијарди евра. Останува да се реши снабдувачот на батерии за Северна Америка.

Во салонот во Женева, VW групата претстави три нови електрични концепти, меѓу кои и Audi e-tron, Porsche Mission E Cross и I.D. Vizzion. Ветувањето на Милер е дека во 2019 година ќе се појавува нов електричен автомобил „секој месец“.

„На овој начин, ние ќе ја исполниме нашата желба да понудиме најголем избор на електрични автомобили во светот преку сите наши брендови за само неколку години“, вели Милер.

Но, тоа не значи дека VW се откажува од конвенционалниот погон. VW ќе инвестира речиси 20 милијарди евра во своето портфолио во 2018 година, а планот е да инвестира повеќе од 90 милијарди во бензин и дизел автомобили во текот на следните 5 години.

И покрај „Дизелгејт“, Милер верува дека „дизел моторите ќе ја доживеат нивната ренесанса во не толку далечна иднина“.

Можеби ќе ве интересира

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава

„Лесно е да креирате политика со 2.500 евра, тешко е да преживеете со 22.500 денари“: Трендафилов - ќе бараме зголемување на минималната плата

„Лесно е да креирате политика со 2.500 евра, тешко е да преживеете со 22.500 денари“: Трендафилов - ќе бараме зголемување на минималната плата

Ангелоски: Кога ќе прогласите неработен ден во среда, негативно сте ја решиле цела недела

Ангелоски: Кога ќе прогласите неработен ден во среда, негативно сте ја решиле цела недела

Пазарен и трудов инспекторат утре ќе контролираат кој работи

Пазарен и трудов инспекторат утре ќе контролираат кој работи

ДВЕ ДАМИ ДА ВЛЕЗАТ ВО ОДБОРОТ НА ДИРЕКТОРИ НА „ЕВРОПА“ - предлог на акционер од фабриката за чоколади

ДВЕ ДАМИ ДА ВЛЕЗАТ ВО ОДБОРОТ НА ДИРЕКТОРИ НА „ЕВРОПА“ - предлог на акционер од фабриката за чоколади

КОЈ ПЛАТИ 93 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 55 АКЦИИ - „Реплек“ станува сѐ поинтересен за инвеститорите

КОЈ ПЛАТИ 93 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 55 АКЦИИ - „Реплек“ станува сѐ поинтересен за инвеститорите

КОЈ ЗАРАБОТИ 1,5 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ИЗВОЗ НА ЈАГНЕШКО ЗА КАТОЛИЧКИ ВЕЛИГДЕН? Целиот извоз бил пласиран во Хрватска

КОЈ ЗАРАБОТИ 1,5 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ИЗВОЗ НА ЈАГНЕШКО ЗА КАТОЛИЧКИ ВЕЛИГДЕН? Целиот извоз бил пласиран во Хрватска

ЧИСТЕЊЕ, ГОТВЕЊЕ, ПЕГЛАЊЕ: Жените кои се презафатени или имаат стари родители бараат куќни помошнички

ЧИСТЕЊЕ, ГОТВЕЊЕ, ПЕГЛАЊЕ: Жените кои се презафатени или имаат стари родители бараат куќни помошнички