19 Април, 2024
0.0271

Волонтери од Credissimo го подготвуваа живеалиштето за малите лавчиња - Зоо Скопје бојадисана и во освежено издание!

Објавено во: Мои пари 21 Јуни, 2022

Добивај вести на Viber

Тим од волонтери составен од вработени во Credissimo и вработени во Зоо Скопје организираа заеднички волонтерски ден, кој се оддржа во склоп на самата Зоолошка градина. Учесниците во активноста го подготвуваа живеалиштето наменето за трите мали лавчиња кои се родија во март оваа година и наскоро посетителите ќе можат да ги видат. Покрај нивното живеалиште, учесниците ги освежија и живеалиштата на уште неколку други животни кои имаа потреба од бојадисување.

Скопје ЗОО која во изминатите години стана една од најпосетените локации во Скопје и пошироко, во континуитет работи на подобрување на условите на Зоолошката. А на последната активност преку платформата Активирај се навреме се приклучија и Credissimo кои како компанија постојано вложуваат во заедницата и се секогаш отворени за соработка.

Од компанијата велат дека им претставува чест и задоволство што имаа можност да бидат дел од освежувањето на Зоолошката градина во Скопје. Преку заедничко дружење сите учесници во проектот ја покажаа грижата, љубовта кон животните и придонесоа за почиста и посредена зоолошка - која игра важна улога во културно-забавниот живот на градот речиси 100 години.

Мило ми е што Credissimo, како сериозна општествено одговорна компанија придонесува за поубава Зоолошкa градина. Во наредниот период преку следниот заеднички проект ќе работиме и на поголема едукација за животните на секој  посетител - изјави Кристијан Стаменов, директор на Зоолошката градина во Скопје.

Ова е втора активност која ја релизираше Credissimo под капата на Активирај се навреме - посветена платформа за остварување на општествено одговорни кампањи. Пред неколку недели токму преку оваа платформа започна голем еко проект под името „Секое капаче е вредно““, чија главна цел е да се активираат  граѓаните со цел да соберат колку што е можно повеќе пластични капачиња. Собраните средства од откупот на рециклирани капачиња, заедно со финансиската поддршка од главниот покровител Credissimo ќе бидат наменети за реконструкција на детските одделенија во целата држава.

Погледнете ја галеријата од дружењето во Зоолошката градина, а во првата прилика организирајте прошетка и запознавање со малите лавчиња и останатите животни, бидејќи ова е активност во која не уживаат само децата туку и возрасните.

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ

Бидете во чекор со светските модни трендови за вашата матурска вечер

Бидете во чекор со светските модни трендови за вашата матурска вечер

Вработување.ком: ТАВ Македонија е најпосакуван македонски работодавач за 2023

Вработување.ком: ТАВ Македонија е најпосакуван македонски работодавач за 2023

Ново екстра модерно казино „Luxor“ сопственост на APEX на граничниот премин Блаце!

Ново екстра модерно казино „Luxor“ сопственост на APEX на граничниот премин Блаце!

Промоција и дегустација на уникатна колекција вина на Alchemist

Промоција и дегустација на уникатна колекција вина на Alchemist

Паком ги претстави последните возбудливи иновации на Vivax Cool Day 2024

Паком ги претстави последните возбудливи иновации на Vivax Cool Day 2024