ВОНРЕДНА СОСТОЈБА ВО ЧЕТИРИ ОПШТИНИ: Поплави ја погодија Србија
Објавено во: Балкан 22 Јуни, 2020
Поплави ја зафатија Србија.
Прогласена е вонредна состојба во Осечина, Крупањ, Лозница и Љубовија каде е најкритично. Сообраќајот на неколку регионални патишта е во прекин.
Водостоите на реките во западна Србија се зголемуваат, а на некои места веќе се излеале.
Попладнево се излеала реката Јадар во близина на Осечина при што се поплавиле околу 150 куќи и неколку земјоделски објекти.
Невремето го погоди и Белград, каде имаше обилни врнежи.Лани во овој период српската престолнина беше поплавена.