ВОНРЕДНА СОСТОЈБА ВО МИНЕАПОЛИС: Демонстрантите бесни по убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд
Објавено во: Свет 29 Мај, 2020
Три ноќи по ред траат насилните протести поради
убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд, по што властите прогласија вонредна
состојба. Демонстрантите кои вчлегле во полициската станица во Минеаполис, ја
запалиле со цел да го изразат бесот од расизмот кој се уште трае во САД.
Шефот на полицијата информира дека целата зграда, која е полициски штаб е евакуирана од безбедносни причини, а во меѓувреме, отказ од работните места добиле четворица полицајци токму од таа станица, поради смрттта на Флојд.
Афроамериканецот беше насилно уапсен од полициски службеник пред три дена, кој цели осум минути со коленото го притискал на вратот, по што Флојд се задушил. Набрзо по неговата смрт, илјадници луѓе излегоа на протести кои ескалираа во последното деноноќие.