Вооружен маж се забарикадирал во ресторан - има ли заложници?
Објавено во: Свет 20 Март, 2018
Вооружен маж се забарикадирал во ресторан спроти кампусот на Универзитетот Принстон.
Полицијата информираше дека „не е познато дали се земени заложници“ во ресторанот „Панера Бреад“, а исто така е непознато која е причината за инцидентот.
Полицијата го блокира центарот на Пристон, а две згради од универзитетскиот кампус се евакуирани.
Засега нема информации за повредени лица.
Пред ресторанот се распоредени полицајци, а преговорите се во тек.
Не се знае дали вооружениот маж е поврзан со Универзитетот Принстон, каде нема предавања поради пролетниот распуст.