Вооружени Албанци упаднале во село во Србија
Објавено во: Балкан 27 Февруари, 2019
Вооружени Албанци упаднале утрово во селото Растелица кај Куршумлија, информираат српските медиуми.
Како што пренесува ТВ Прва, при упадот се слушале пукотници, а во селото има силни полициски екипи.
Растелица не била единствено место за напад, упад е извршено и во уште едно село, каде од мештаните е украден трактор, пренесува Курир.рс