Воспаление на ‘рбетниот мозок може да биде нус појава од вакцинација против ковид
Објавено во: Свет 14 Јануари, 2022
Објавени се уште нус појави од примање на вакцината против коронавирусот.
Европската агенција за лекови(EMA) препорача новите, ретки несакани ефекти да бидат вклучени во упатствата за употреба на вакцините за Ковид-19 од компаниите „Астра зенека“ и „Џонсон и Џонсон“. Случаите на попречен миелитис се набројани како „многу ретки“ како несакани ефекти по вакцинацијата. Тоа е ретка невролошка состојба на воспаление на едната или двете страни на ‘рбетниот мозок, што може да предизвика слабост во рацете или нозете, сензорни симптоми (трнење, вкочанетост, болка или губење на болка) или проблеми со функцијата на мочниот меур или цревата. ЕМА соопшти дека односот помеѓу значајните придобивки од вакцините и потенцијалниот ризик останува непроменет дури и по новите наоди. За „Астра зенека“, ЕМА препорача ажурирање на постоечките информации за „многу ретка“ можност за тромбоза со тромбоцитопенија (TTS) по вакцинацијата.
СЗО повика на создавање на нови вакцини кои ќе штитат од омикрон сојот на коронавирусот. Африка е континент каде имунизацијата оди бавно.
foto freepik.com