Возачи од полноќ ќе точите горива по овие цени
Објавено во: Економија 29 Јули, 2019
Од ноќеска на полноќ возачите ќе полнат резервоари по цена иста како и претходната недела.
Регулаторната комисија одлучи да не ги корегира цените на нафтените деривати.
Тоа значи дека цените остануваат исти или дека Бензин супер 98 и оваа недела ќе се точи за 71,50 ден. за литар додека Бензин супер 95 –ќе чини 69,50 ден. за литар.
Еуро дизелот возачите ќе го плаќаат и оваа недела 61,50 ден за литар.