ВОЗАЧИ, ВНИМАНИЕ: Познато колку ќе чини патарината на Коридорот 10 до Бугарија
Објавено во: Балкан 11 Ноември, 2019
На подобра и побрза комуникација на луѓето и економиите од регионот придонесуваат и добри патишта како што е Коридорот 10, чиј последен дел е отворен за сообраќај во сабота. Нема да има патарина на тој дел од автопатот до 1 декември. Од тој датум, патарината од Ниш до бугарската граница ќе изнесува 410 динари, а од Белград 1.290 динари.
(ВИДЕО) СРБИЈА ЈА ПОВРЗУВА ЕВРОПА: Вучиќ и Борисов го пуштија „Коридор 10“ со голема публика и трубачиНема големи гужви, сообраќајот е со умерен интензитет, но главната причина за тоа е продолжениот викенд пред празникот и фактот што возачите веќе пристигнале на нивните дестинации, пренесува РТС.
Првите возила поминаа овде околу 22 часот во саботата навечер, затоа што му беа потребни на Коридорот и сообраќајната полиција неколку часа за да ја проверат целата рута уште еднаш за безбедност.
Синоќа од 22 часот до денес во 13 часот околу 4.800 возила се движеле во двата правци.
Патарината нема да се наплаќа до 1 декември, а после тоа, од Ниш до бугарската граница ќе бидат 410 динари, или од Белград до бугарската граница 1.290 динари.