ВОЗАЧИ ВНИМАВАЈТЕ - МВР следи колку брзо возите со посебно опремен радар за снимање во ноќни услови
Објавено во: Македонија 29 Јули, 2021
Сите возачи од земјава кои возат брзо, односно со брзина повисока од дозволената, треба да бидат особено внимателнии, бидејќи МВР ги следи со посебно опремен радар за снимање во ноќни услови.
Министерството за внатрешни работи извести дека само вчера вечерта, во периодот од 21.00 (28.07.2021) до 01.00 часот, тие, со посебно опремен радар за снимање во ноќни услови, спровеле зајакната акциска контрола на територијата на земјава за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 200 возачи. Од нив, 31 возило се движело со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.
„Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта“, велат од МВР.