19 Јуни, 2019
0.0239

Возачи, возете внимателно:Ваква е состојбата на патиштата

Објавено во: Македонија 12 Јануари, 2019

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, со остатоци од кашест снег на коловозот, по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонија пат.

УКИНАТА ЗАБРАНА: Од 08:30 часот, укината е забраната за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Маврово – Дебар (и обратно).

ЗАБРАНА ЗА СООБРАЌАЈ: Забрана за движење на тешки товарни возила има на патниот правец Дебар – Струга. Забрана за сообраќај на автобуси има на патниот правец Тетово – Попова Шапка.

ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

ЗИМСКА ОПРЕМА: Од 15 ноември стапи на сила законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на временската состојба. Оваа обврска ќе трае до 15 март 2019 година. На овој линк ќе најдете повеќе информации што се подразбира под зимска опрема.

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде се бележи појава на утринска магла, а исто така зголемена е и можноста од појава на одрони. На осојничавите места коловозите се наместа влажни, па поради ниските температури карактеристични за вечерните и утрински часови постои можност и од појава на голомразица.

РАБОТИ НА ПАТ:

Од 01.10.2018 ЈП Македонијапат подружница Штип изведува градежно асфалтерски работи на повеќе регионални патни правци од кои Р-1402 на од с. Куклиш до с. Банско, на Р2345 од Виница – с. Бигла и на Р1204 од Свети Николе до Павлешенци од 09:00 до 17:00 часот.

Од 04.10.2018 (четврток) ЈП Македонијапат подружница Велес ќе изведува асфалтерски работи на регионалниот пат Р-1102 на потегот од с.Смоквица до с.Прдејци од 09:00 до 17:00 часот. Во периодот на работа сообраќајот ќе се одвива по автопатот А1Смоквица-Гевгелија во двата правци.

Времен режим на наплатните станици:

Друштвото Асфалт Дооел Скопје известува дека порaди изведување на градежни работи за изградба на електронски систем за наплата на наплатните станици за патарина, сообраќајот ќе се одвива согласно Одобренијата за времен режим на сообраќај и тоа на:

-наплатна станица Романовце во период од 15.09.2018 до 14.03.2019 год.

-наплатна станица Градско во период од 01.11.2018 до 01.04.2019 год.

Ги предупредуваме возaчите да пристапуваат внимателно и со намалена брзина кон местата на кои се изведуваат работи на пат и да се придржуваат кон упатствата од ново поставената сообраќајна сигнализација.

Илинден АД Струга известува дека согласно Одобрението за времена измена на режим на сообраќај, на магистралниот пат А2, делница Кичево – Охрид (Мала Река – Славеј Плаина) од 10.08.2018 се воведува времена измена на сообраќајот со девијации (преминување од една коловозна лента во друга) за што е поставена соодветна сообраќајна сигнализација. Измената ќе трае до завршување на градежните работи.

Од 21.05.2018 година започна изградбата на Експрес пат А4, Штип- Радовиш, на следниот потег: клучка Штип југ (Софилари)- Бучим (км 5+000 до км 28+560) согласно Договор бр. 001-ЕБРД/17.

Ги предупредуваме возачите да пристапуваат внимателно и со намалена брзина кон местата на кои се изведуваат работи на пат и да се придржуваат кон упатствата од новопоставената вертикална сигнализација.


Можеби ќе ве интересира

Претседателот Пендаровски побара разрешување на Иванка Василевска

Претседателот Пендаровски побара разрешување на Иванка Василевска

Македонските историчари го предложиле датумот 7 октомври за Гоце Делчев, бугарските избувнале

Македонските историчари го предложиле датумот 7 октомври за Гоце Делчев, бугарските избувнале

Кирацовски демантира дека има „нова хациенда“

Кирацовски демантира дека има „нова хациенда“

Француски експерти ќе им ги пренесат на македонските своите знаења во патната инфраструктура

Француски експерти ќе им ги пренесат на македонските своите знаења во патната инфраструктура

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Еве какво време ќе имаме денес

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Еве какво време ќе имаме денес

Кирацовски ќе тужи медиуми кои шират лажни информации за неговиот имот

Кирацовски ќе тужи медиуми кои шират лажни информации за неговиот имот

Македонија ставена на „стенд бај“ за преговорите до октомври

Македонија ставена на „стенд бај“ за преговорите до октомври

Доналд Трамп ги продолжи вонредните мерки за санкции кон Северна Македонија

Доналд Трамп ги продолжи вонредните мерки за санкции кон Северна Македонија

Николовски тврди дека изработено е цело досие за корупцијата во државата

Николовски тврди дека изработено е цело досие за корупцијата во државата