Возачот заспал, 11 починати и 34 повредени во автобуската несреќа во Хрватска

Објавено во: Балкан 06 Август, 2022
Најмалку 11 загинати и 34 повредени е последниот биланс од несреќата која ја предизвика полскиот автобус во хрватска. Возачот наводно заспал
Автобус со полски регистерски таблички денеска наутро доживеа тешка сообраќајна несреќа на автопатот А4 Загреб-Горичан. Најмалку 11 лица загинаа на лице место, а 34 лица се повредени.
Според првите информации, автобусот околу 5:30 часот излетал на потегот од Брезнички Хум до Комин, во правец кон Загреб. Полициската управа на Вараждин наведува дека точната локација е помеѓу Јарек Бишашки и Подворец, пренесува Јутарњи лист.
Засега нема официјални информации за причините за оваа несреќа, ниту за околностите во кои се случила, но неофицијално, тезата е дека возачот најверојатно заспал на воланот.
Полицијата е на местото на настанот и врши увид, а на локацијата се повикани екипи на итната помош и пожарникари кои помагаат во спасувањето на настраданите.
Хрватскиот авто клуб извести дека меѓу клучките Брезнички Хум и Комин во правец кон Загреб, дозволената брзина е 40 км/ч.
Можеби ќе ве интересира
СРБИЈА ВО ЈУЛИ РЕГИСТРИРАШЕ ВИСОКИ 12,8 ОТСТО ИНФЛАЦИЈА, очекуваат да продолжи поскапување и следните месеци да достигне 14 проценти

ВУК БЕШЕ ЧУДЕН НЕКОЛКУ ДЕНА - Сопругата на масовниот убиец од Цетиње, дала изјава во полиција
Српски авион полетал од Црна Гора, а потоа почнал ужасот: „Се слушна тресок, видов искри под моите нозе“

Вук Бориловиќ е погребан на тајна локација надвор од Цетиње

ДЕДО НА НАЈМАЛИТЕ ЖРТВИ ВО ЦЕТИЊЕ: Не ми ги уби само внуците и снаата, туку сите нас

Што е најдено во куќата на убиецот Вук Бориловиќ во Цетиње?
