ВОЗЕТЕ ВНИМАТЕЛНО: Еве каква е состојбата на патиштата
Објавено во: Македонија 30 Јуни, 2019
Авто мото сојузот на Македонија известува дека патот што води преку планината Галичица од Царина до Трпеица од 06.00
часот ќе биде затворен за сообраќај поради одржување на трки со мотори.
На патниот правец Кочани - Македонска Каменица кај с. Истибања, сообраќајот се одвива по 1 коловозна лента, поради одрони на патот.
Додека, сообраќајот по останатите државните патишта во земјава се одвива по суви коловози.
Задржување од 30-45 минути е забележано на граничниот премин Богородица и на Граничниот премин Дојран. На овие патни правци според АМСМ има
зголемена фреквенција на возила за излез од државата, времето на чекање е
околу половина час. На останатите гранични премини, од македонска
страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор
од градските средини исто така е зголемен.