20 Април, 2024
0.0300

„Вози право, вози здраво“ Vol.5

Објавено во: Мои пари 07 Јуни, 2019

Добивај вести на Viber

Во јубилејната 75та година од постоењето, Стопанска банка со гордост го најавува петтото издание на ревијалната трка #ВозиПравоВозиЗдраво долж улиците на Скопје со која сите, како заедница, дејствуваме за подигнување на свеста дека возењето велосипед, тротинет, ролерки, скутери, скироли не само што не загадува, туку и помага во намалување на сообраќајниот метеж, помага во заштитата на животната средина а воедно е забавно и здраво.

-Затоа ја повикуваме јавноста да земе учество на најмасовната ревијална трка во Скопје. Добредојдени се учесници од сите возрасти: од бебе колички, велосипеди со помошни тркала, моноцикли, градски и планински велосипеди и секако тротинети, ролерки и скироли. Секој што сака да се вози низ улици ослободени од сообраќај, гужва и бучава е добредојденда се регистрира и да земе учество и во ревијалната трка и во вредната лотарија на целта во Градскиот парк-велат организаторите.

Оваа година, километрите кои ќе ги извозиме заедно, Стопанска банка АД – Скопје ќе ги вклучи во акцијата „Вози од срце“ со која на национално ниво се обидуваме да ја подигнеме свеста за предностите на велосипедизмот врз здравјето на сите. Во текот на кампањата, Банката ќе ги повика сите велосипедисти заедно да соберат 1 милион извозени километри, по што Банката ќе донира медицинска опрема за Детската клиника за кардиологија и срцата на децата. Повеќе за кампањата можете да дознаете на www.voziodsrce.mkод каде можете и да се регистрирате за учесто на ВПВЗ vol. 5.

„Вози право, вози здраво“ vol. 5 на целта во Градскиот парк и оваа година ќе понуди многу интеракција, забава и содржини за сите гости и учесници. Ревијалната тркае предвидено да почне во 18 часот од салата Борис Трајковски и да заврши во Градскиот парк во 19 часот каде за атмосферата ќе се погрижат Баскер фест и омилените 5+ фамилија.

Покрај забавата Банката и соработниците ќе обезбедат и освежување за учесниците а секако, за сите учесници ќе бидат обезбедени и репрезентативни подароци. Како и досега,редните броеви на учесниците ќе бидат дел од извлекувањето на вредната лотарија со: 20хSpecialized Велосипеди, 10х GoPro камери иM-365 електричен тротинет кој го доделува Град Скопје.

Стопанска банка АД - Скопје преку своите алтернативни канали, иновативни услуги и производи влијае врз заштитата на ресурсите и животната средина, меѓутоа ја користи и својата распространетост и релевантност да промовира една вака значајна тема како што се овие алтернативи на транспорт посебно во густо населените урбани средини.

Во тој контекст, пред сите филијали на Банката се поставени паркинзи за велосипеди, нашите вработените се почесто ги користат велосипедите како транспорт од и до работа, граѓаните на Град Скопје повторно активно го користат СТБ Детскиотвелодром кој беше предмет на поправки оваа година, ги користат и 5те модерни станици за поправка на велосипеди и 100те вело паркинзи на одбрани урбани локации. Овие вело донации од Банката за жителите на Град Скопје продолжуваат и понатаму, така што во изградба е веќе нов објект pumptrack – велосипедска адреналинска патека на границите на Градскиот парк.

Поради масовноста на ревијалната трка и со цел максимална заштита на учесниците, во сабота, на 08.06.2019 ќе биде воспоставен и посебен сообраќаен режим долж патеката за ревијалната трка. Поставени ќе бидат времени сообраќајни знаци а СВР Скопје ќе го пренасочува сообраќајот соодветно. Им благодариме на сите учесници во сообраќајот за разбирањето и поддршката. 

Можеби ќе ве интересира

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга