20 Април, 2024
0.0979

#ВозможноЕ - Вклучи се и следи го во ЖИВО првиот онлајн настан за амбициозна #КлиматскаАкцијаСега

Објавено во: Мои пари 20 Април, 2021

Добивај вести на Viber

Во организација на Програмата за развој на Обединетите Нации (UNDP), Министерството за животна средина и просторно планирање и платформата Климатски Промени (klimatskipromeni.mk), ќе се реализира онлајн настан #ВозможноЕ. Првиот дел од настанот ќе се одржи утре, на 21ви април, од 13:00 до 15:00 часот како настан во живо на социјалните мрежи. Во наредните две недели ќе следат уште два и тоа на 27ми април од 10:00 до 12:00 часот и на 5ти мај од 11:00 до 13:00 часот.

Првиот дел од настанот, ќе биде на тема „Националните придонеси за климатските промени во фокусот - #ВозможноЕ да се постигне глобалната цел за климатски промени од 1,5 степени со амбициозна #КлиматскаАкцијаСега“.

Учесниците преку отворена дискусија ќе дебатираат за специфичните цели и активностите поврзани со климатските промени на национално ниво предвидени во Ревидираниот национален придонес, како и во светот како глобални цели.

Настанот ќе биде поделен во три сесии, во три панел дискусии, во склоп на кои ќе учествуваат претставници од UNFCCC (United Nations Framework Convention on Climate Change - Рамковна конвенција на Обединетите нации за климатски промени), Влада на Република Северна Македонија и UNDP, како и претставници од приватниот сектор и академските институции. На крајот на секој настан, на говорниците ќе им бидат поставени прашања од страна на невладините организации, медиумите и граѓаните, поврзани со темите кои ќе бидат дебатирани.

Кога станува збор за климатските промени, државата има 3 текови на стратешки документи со цел да се усогласи со глобалната цел глобалната температура да не се зголеми повеќе од 1,5 степени, целите на ЕУ и целите на Енергетската заедница. Владата, преку МЖСПП, а со поддршка на UNDP преку иницијативата „Ветување за климата“, го ажурираше својот Национален придонес за климатските промени, во кој постави амбициозни цели за намалување на емисиите на стакленички гасови до 51% во однос на емисиите од 1990 година.

Главната цел на настанот #ВозможноЕ, е да се изгради политичка волја, национална вклученост и ангажман за подобрено прифаќање и спроведување на Ревидираниот национален придонес преку реални дискусии помеѓу клучните национални чинители. Пораката е климатските активности да се согледаaт како можност која треба максимално да ја искористиме воспоставувајќи синергија меѓу сите општествени чинители.

Онлајн настанот ќе биде достапен за сите и ќе може да се следи во живо на YouTube платформата, на три различни јазици, https://www.youtube.com/channel/UCClb47KE53BCaWwXnkz85_Q, како и на официјалната Facebook фан страница, https://www.facebook.com/klimatskipromenimk

ВОЗМОЖНО Е! Вклучи се, следи го во живо настанот и направи чекор напред за доброто на сите!

За повеќе, посетете ја официјалната Facebook фан страница на Климатски промени на МЖСПП: https://www.facebook.com/klimatskipromenimk.

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ во недела доаѓа во Градски парк на Школка

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ во недела доаѓа во Градски парк на Школка

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција