(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Хемискиот напад во Дума низ призмата на малата Маша
Објавено во: Свет 16 Април, 2018
Трагедијата со хемиски напад низ призмата на малата Маша. Во страшниот напад се најде и малата Маша со нејзиното семјество.
Во видеото што следи таа раскажува за нападот, што морале да прават и како биле спасени.
Малата Маша објаснува како таа и нејзиното семејство биле во подрум, кaде што биле сведоци на напад со барел бомба.
-Не експлодираше, но се слушна нешто како “шшшш“, раскажува Маша.
Тие морале да се качат на друг спрат за да може да се спасат. Во тој момент седумгодишното дете паднало на скалите.
Мајката врескала да се спаси нејзиното дете, по што следува евакуација и лекарска грижа.