Возовите утре нема да сообраќаат, железничарите си го чекаат делот од платата
Објавено во: Економија 25 Ноември, 2021
Од утре повторно ќе има прекин на железничкиот сообраќај во земјава.
Тој од утре во 7 часот ќе биде во прекин поради неисплатен втор дел од платата за октомври. Ова го најавија претседателите на синдикатите на машинскиот и извршен персонал во Железници на РСМ Транспорт, Тони Димовски и Душко Чакаровски.