28 Март, 2024
0.0260

Вработените клучен фактор за 10 годишниот раст на Mozzart

Објавено во: Мои пари 01 Јануари, 2019

Добивај вести на Viber

Од 2008 до денес Mozzart во Македонија прерасна во успешен бренд со над 140 уплатни места и сериозен работодавач со над 500 вработени. Десетгодишната успешна работа компанијата ја одбележа со отворање на најголемо и најмодерно уплатно место во центарот на Скопје на Рекорд со кое всушност се менува комплетно концептот на уплатните места.

За да се обезбеди постојан раст и напредок неопходно е внимателно да се избере тимот и постојано да се вложува во вработените со цел тие да се чувствуваат среќни на работа и лојални на компанијата.

Во семејството на Mozzart Марина Рајчановска е Менаџер за човечки ресурси изминативе 5 години и на оваа позиција има клучна улога во оформувањето на тимот на компанијата.

Што е потребно за да се избере и одржи тим кој постојано ќе ја носи компанијата во нови предизвици и ќе овозможи континуиран раст?

-  Сметам дека создавањето на еден тим, кој е лојален и способен да се соочи со било какви предизвици, е процес за кој е потребен временски период. Процесот на формирање на тимот (селекција и регрутација), проширување на тимот со нови членови и нивно воведување во процесот на работа, соочувањето со билокакви предизвици и како најважно, одржување на тимот е процес кој непрекинато трае.

-  Од моите почетоци во Mozzart до денес, нашата компанија бележи енормен раст и развој во секоја смисла што во голема мера се случува благодарение на луѓето кои се двигатели на успехот.

-  Кога ќе повлечеме една временска паралела од 2008 па се до денес, бројките говорат сами за себе. Компанијата Mozzart на територија на Република Македонија стартуваше со 9 уплатни места и бројка од 36 вработени, за денес нашата компанија да брои 140 уплатни места и 500 вработени. Секако нема да застанеме тука, приказната за компанијата Mozzart продолжува, а на нас останува да ја раскажуваме.

По што се издвојува процесот на регрутирање и обука на нов кадар во Mozzart?

-  Мое мислење е дека нашата компанија има единствен и уникатен систем за обука на нови кадри. Како дел од секторот за човечки ресурси, од самиот почеток на компанијата, е создаден Центарот за обука. Истиот функционира беспрекорно. Кадрите кои ја посетуваат двонеделната обука во Центарот, пред да бидат распределени на работа во уплатните места, покрај тоа што ги учат правилата, процедурите и начинот на работа, се обучуваат и како да се однесуваат или да постапат соочувајќи се со различни ситуации на своето работно место.

Какви можности за напредување имаат вработените?

-  Компанијата Mozzart се грижи за развојот и усовршувањето на своите вработени и секогаш нуди можност за напредување. Постојано се врши проценка на работата на вработените и нивниот капацитет со што компанијата во континуитет го следи развојот на своите вработени. Секогаш при пополнување на менаџерските позиции им даваме предност на луѓето од сопствени редови, оние кои се долг временски период со нас и најдобро ја познаваат работата.

Како се градеше менаџерскиот тим низ годините?

-  Успешна е онаа компанија која има константен менаџерски тим, бидејќи остварувањето на визијата на секоја компанија е директно поврзана со менаџерскиот тим. Патот за создавање на менаџерски тим, тим кој ќе донесува одлуки во било какви ситуации е доста долг и комплексен. Нашата компанија веќе функционира со одбран менаџерски тим, тим кој е лојален и посветен во работата и знаете како се вели „Тимот кој победува, никогаш не се менува“.

Во луѓето, како најважниот ресурс на една компанија, неопходно е постојано да се инвестира. Кои облици (обуки, тренинзи, советувања) детектиравте дека се најсоодветни, особено за менаџерите секогаш да бидат во тек со современите трендови во дејноста но и да бидат во линија со потребите и очекувањата на оние со кои што раководат.

-  Наша цел е да инвестираме во вработените овозможувајќи им постојано да ги надградуваат своите знаења и вештини. Во рамки на нашата мисија за поставување „проектен начин на размислување во компанијата и преминување на матрично – проектна структура“ компанија за својот менаџерски тим во Септември 2018, огранизираше обука за „Project manager“ на која беа разработени повеќе теми во доменот на ефикасност, организација, мотивирано лидерство. Оваа обука е пример за активности со кои настојуваме да им помогнеме на вработените да го досегнат својот максимум и да ги остварат своите професионални амбиции.  

Какви се желбите, проекциите и плановите за 2019г?

-  Како компанија која брзо се искачува на скалилата кон врвот на успехот нашата визија е прецизно дефинирана, а мисијата на нашиот тим е кристално јасна - Остануваме на врвот!

Можеби ќе ве интересира

Комерцијална банка го одржа редовното Годишно собрание на акционери

Комерцијална банка го одржа редовното Годишно собрание на акционери

Макстил станува стратешки партнер на СОС Детско село

Макстил станува стратешки партнер на СОС Детско село

Онлајн-промоција на романот „Лекцијата на месечарот“ од португалскиот писател Фредерико Педреира

Онлајн-промоција на романот „Лекцијата на месечарот“ од португалскиот писател Фредерико Педреира

Мобилната вештачка интелигенција Galaxy AI ќе биде достапна на избрани модели на уредите на Galaxy

Мобилната вештачка интелигенција Galaxy AI ќе биде достапна на избрани модели на уредите на Galaxy

dm дрогерие маркт ја продолжува својата експанзија: Се отвора нова дрогерија во „Cevahir Mall“ во Скопје!

dm дрогерие маркт ја продолжува својата експанзија: Се отвора нова дрогерија во „Cevahir Mall“ во Скопје!

ТИМОТ ПРЕДВОДЕН ОД Д-Р ИЛИЕВ ИЗВЕДЕ УСПЕШНА ИНТЕРВЕНЦИЈА НА 92-ГОДИШНА ПАЦИЕНТКА

ТИМОТ ПРЕДВОДЕН ОД Д-Р ИЛИЕВ ИЗВЕДЕ УСПЕШНА ИНТЕРВЕНЦИЈА НА 92-ГОДИШНА ПАЦИЕНТКА

City Fashion отвори нова моно бренд продавница KARL LAGERFELD во Skopje City Mall: Добредојдовте во светот на KARL LAGERFELD

City Fashion отвори нова моно бренд продавница KARL LAGERFELD во Skopje City Mall: Добредојдовте во светот на KARL LAGERFELD

Македонија2025 доделува стипендии за четвртиот Охрид камп за високотехнолошка извонредност

Македонија2025 доделува стипендии за четвртиот Охрид камп за високотехнолошка извонредност

Општина Дојран се вклучува во општествено одговорната кампања на „Макпетрол“

Општина Дојран се вклучува во општествено одговорната кампања на „Макпетрол“