26 Април, 2024
0.0290

Вработените во „Еурокомпозит“ продолжуваат со протести

Објавено во: Македонија 13 Февруари, 2018

Добивај вести на Viber

Вработените во „Еурокомпозит“ продолжуваат со протести во центарот на Прилеп, пред споменикот „Карпалак“. Имаат низа барања кои очекуваат да бидат исполнети: исплата на бруто плата и заостанатите плати и  придонеси од 2012, како и оставка на менаџментот на компанијата.

Претседателот на синдикалната организација Роберт Богданоски се изјасни дека работниците ќе продолжат со протести и бараат средба со претставници од владата, затоа што според нив, оваа голгота трае со години и потребно е разрешување на случајот.

- Вчера го блокиравме патниот правец Прилеп-Градско на излезот од градот, денеска протестот продолжи во центарот на Прилеп. Не се откажуваме ниту од нашите барања, ниту пак од разговори со претставници од Владата. Менаџментот на компанијата ниту доаѓа во фабриката, ниту сака да разговара со нас и ние бараме оставка од нив, а надлежните да ги испитаат наводите на кривичната пријава која како синдикат ја поднесовме против менаџментот до полицијата и јавното обвинителство. Продолжуваме со протести, а денеска ќе решиме кога да одиме пред Владата во Скопје - вели Богданоски.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот