25 Април, 2024
0.0334

ГОЛЕМА КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА НА ГРУПАЦИЈАТА НОВОМАТИК (Адмирал, Астра, Казино Фламинго Хотел Гевгелија и ХТЛ Македонија)

Вработените во Казино Фламинго Хотел – Гевгелија даруваа крв

Објавено во: Мои пари 24 Ноември, 2020

Добивај вести на Viber

Во соработка со Институтот за трансфузиона медицина – Скопје, 50 вработени во Казино Фламинго Хотел – Гевгелија, кои се во добра здравствена состојба и ги исполнуваат неопходните медицински услови, денес донираа крвни единици во нашите работни простории. На хуманитарната акција присуствуваше и Градоначалникот на Општина Гевгелија, Г-дин, Сашо Поцков, кој даде поддршка на нашата иницијатива. Истовремено денес, вработените во автомат клубовите Адмирал, како дел од истата голема крводарителска акција дарува крвни единици во Домот на хуманитарни акции, Даре Џамбаз во Скопје. Акцијата продолжува и во наредните денови на која ќе се приклучат сите вработени во автомат клубовите, членки на Групацијата Новоматик во Северна Македонија.


„Ние сме  општествено одговорни компании, целосно сме свесни дека врвен приоритет е заштитата на здравјето на граѓаните и одржување на капацитетите на јавното здравство, се решивме на ваков чекор. Затоа и се решивме на ваков чекор. Веруваме дека во услови на ваква сериозна криза ќе дадеме скромен придонес во обезбедување на крвни единици за оние пациенти на кои им се неопходни. Актуелната крводарителска акција е продолжение на серијата хуманитарно-донаторски активности кои ги реализиравме од почетокот на светската пандемија со „Ковид-19“. Казиното „Фламинго“ – Гевгелија го отстапивме за карантин, во јавните здравствени установи дониравме болнички кревети и медицински материјали во вкупен износ од 200 илјади евра. За време на оваа криза ги задржавме сите вработени, иако оваа дејност од 15 март не работеше цели 100 дена и не остваруваше никакви приходи. На 22-ри ноември, без разлика што законски определеното работно време во индустријата за организирање игри на среќа е 24/7, како наш придонес во борбата за справување со пандемијата, самоиницијативно донесовме одлука, веднаш да ги стопираме сите угостителски услуги во автомат клубовите и казината со кои ние стопанисуваме, во периодот од 23 до 07 часот, како соодветна поддршка на рестриктивните мерки предложени од Кризниот штаб, а усвоени од Владата на Република Северна Македонија.Уверени дека ваквиот наш пристап е единствено исправен во услови на вакви предизвици за нашето општество. Целиот изминат период имаме разбирање за потешкотиите со кои државните институции се соочуваат при справувањето со светската пандемија на „Ковид – 19“. Затоа, свесно се ставаме во служба на јавниот интерес“, велат од Казино Фламинго Хотел - Гевгелија. 

Пр објава

Можеби ќе ве интересира

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка