28 Март, 2024
0.0437

Вработените во ПроKредит Банка - најголеми шизици оваа есен!

Објавено во: Мои пари 03 Декември, 2020

Добивај вести на Viber

Тимската припадност, взаемната поддршка и заедничките вредности и цели се основни работи кои еден тим го прават компактен и професионален. Бидејќи токму овие вредности се карактеристични за младиот и динамичен тим на вработени во ПроKредит Банка, а по повод својот 17-ти роденден, Банката им  заблагодари на своите вработени на еден интересен и невообичаен начин.

Имено, во соработка со македонскиот моден бренд “Шизик на ризик”, ПроKредит Банка на своите повеќе од 200 вработени им подари лимитирано издание на маица Шизик на ризик ексклузивно дизајнирана и произведена за таа намена.


Инспирација за дизајнот креативниот тим на Шизик на ризик најде во ретро велосипедските дресови, раскажувајќи приказна за еден смел велосипедист кој вози под боите и името на тимот наречен ПроKредит, храбро надминувајќиги сите препреки и предизвици.


Преку овој одличен пример за автентична соработка помеѓу македонски моден бренд и банка, институцијата на вработените им покажа респект и благодарност за индивидуалните залагања и придонес кон тимскиот успех.


Маицата “Racer” е изработена од чист чешлан памук, има контрастни рабови на ракавите и околувратникот, а во хармонична целина ги спојува името и боите на Банката, како и потписот на возачот - Шизик На Ризик. 


Целата количина на произведени маици, во пакување кое содржи и подарок од Преплет, е поделена на вработените во ПроKредит Банка.


ПР Објава

Можеби ќе ве интересира

Комерцијална банка го одржа редовното Годишно собрание на акционери

Комерцијална банка го одржа редовното Годишно собрание на акционери

Макстил станува стратешки партнер на СОС Детско село

Макстил станува стратешки партнер на СОС Детско село

Онлајн-промоција на романот „Лекцијата на месечарот“ од португалскиот писател Фредерико Педреира

Онлајн-промоција на романот „Лекцијата на месечарот“ од португалскиот писател Фредерико Педреира

Мобилната вештачка интелигенција Galaxy AI ќе биде достапна на избрани модели на уредите на Galaxy

Мобилната вештачка интелигенција Galaxy AI ќе биде достапна на избрани модели на уредите на Galaxy

dm дрогерие маркт ја продолжува својата експанзија: Се отвора нова дрогерија во „Cevahir Mall“ во Скопје!

dm дрогерие маркт ја продолжува својата експанзија: Се отвора нова дрогерија во „Cevahir Mall“ во Скопје!

ТИМОТ ПРЕДВОДЕН ОД Д-Р ИЛИЕВ ИЗВЕДЕ УСПЕШНА ИНТЕРВЕНЦИЈА НА 92-ГОДИШНА ПАЦИЕНТКА

ТИМОТ ПРЕДВОДЕН ОД Д-Р ИЛИЕВ ИЗВЕДЕ УСПЕШНА ИНТЕРВЕНЦИЈА НА 92-ГОДИШНА ПАЦИЕНТКА

City Fashion отвори нова моно бренд продавница KARL LAGERFELD во Skopje City Mall: Добредојдовте во светот на KARL LAGERFELD

City Fashion отвори нова моно бренд продавница KARL LAGERFELD во Skopje City Mall: Добредојдовте во светот на KARL LAGERFELD

Македонија2025 доделува стипендии за четвртиот Охрид камп за високотехнолошка извонредност

Македонија2025 доделува стипендии за четвртиот Охрид камп за високотехнолошка извонредност

Општина Дојран се вклучува во општествено одговорната кампања на „Макпетрол“

Општина Дојран се вклучува во општествено одговорната кампања на „Макпетрол“