24 Април, 2024
0.0256

ВРАБОТУВАЊА: Ќе има бум во еден, и пустош во два региони

Објавено во: Економија 12 Јуни, 2019

Добивај вести на Viber

Анкета која ја направи Агенцијата за вработување лани покажува дека во Скопскиот регион за период од 12 месеци ќе има најголем број на вработувања.

Другите региони се послаби, а најмалку вработувања ќе има во Североисточниот регион и во Полошко.  Бум ќе има во Скопско, а на север од земјата вработувања ќе има сосема малку.

Валентина Дисоска, претседател на Здружението на бизнис жени вели дека во Скопје има бизниси кои се освестени да ги користат мерките кои државата ги нуди за да растат, но тоа не е пракса во внатрешноста.

„Тоа е природен тек на работите, сѐ е сконцентрирано во Скопје, тука има бизниси кои растат и кои вработуваат, додека во другите региони бизнисите не растат и нормално дека немаат многу вработувања. Тие треба повеќе да се интересираат за мерките и можностите кои ги нуди Владата, програмите или пак Фондот за иновации, со цел да се развиваат“, вели таа.

Во Кратово кое спаѓа во Североисточниот регион, вработувања има многу малку.

„Ние имаме семеен бизнис, и во последните 2-3 години сме вработиле две лица, но во градот вработувања има многу ретко“, рече Анета Марковска, сопственичка на дуќан.

Кај работодавачите со седиште во Скопскиот регион се очекуваат да се реализираат 5.677 (30,7%) вработувања, во Источниот регион 3318 (18,0%) вработувања, во Пелагонискиот регион 2.810 (15,2%), во Вардарскиот регион 1.762 (9,5%), во Југоисточниот регион 1.526 (8,3%) вработувања, во Југозападниот регион 1.588 (8,6%) вработувања, во Североисточниот регион 1.277 (6,8%) и кај работодавачите со седиште во Полошкиот регион се очекуваат да се реализираат 505 (2,7%) вработувања.

Кај малите работодавачи се очекуваат да се реализираат 6.042 вработувања или 32,7%, кај средните по големина работодавачи се очекуваат 7.332 вработувања или 39,7% и кај големите работодавачи се очекуваат да се реализираат 5.089 вработувања или 27,6% од вкупниот број на очекувани вработувања во наредните 12 месеци.

Анкета за потреба од вештини на пазарот на трудот во Република Македонија за 2018/2019 година покажува дека вработувања ќе има за лицата со високо образование, но и за оние со пониски квалификации.

Анализирано според дејноста, најголем број вработувања се очекуваат во преработувачката индустрија, односно 8.160 или 44,2% од вкупно планираните вработувања, потоа во трговијата на големо и трговијата на мало, каде се очекуваат 4.251 вработувања или 23,0%, во градежништвото каде работодавачите од оваа дејност планираат 1.478 вработувања или 8,0%, потоа во дејноста транспорт и складирање, каде се очекуваат 1.108 вработувања или 6,0% од вкупно очекуваните вработувања, а во останатите дејности се очекуваат помал број на вработувања. Според степенот на потребно знаење (образование) од очекуваните вработувања, 1.435 (7,9%) ќе бидат за лица со завршено високо образование, 1.623 (8,8%) за лица со завршено средно и вишо образование, 10.771 (58,3%) ќе бидат за лица со завршено средно образование и 4.623 (25,0%) вработувања се очекуваат да бидат за лица со завршено основно образование.

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава