20 Април, 2024
0.0290

ВРАБОТУВАЊЕ НА МЛАДИ: Што им се нуди и како ќе се реши невработеноста?

Објавено во: Економија 10 Март, 2018

Добивај вести на Viber

Неодамна усвоениот Оперативен план за активни мерки и програми за вработување содржи и една нова – во чиј фокус се младите, оние кои штотуку ќе завршат образование, без разлика дали е средно или високо. Преку опсежна операција ќе се врши “попис“ на овие млади луѓе и веднаш ќе се пристапи кон нивното активирање или подготовка за активирање на пазарот на труд. Се воведува моделот “Младинска гаранција“, што точно значи ова ?

Што ќе се понуди на невработените ?

Бизнис заедницата, кој постојано упатува на хроничниот проблем од недостаток на обучен кадар на пазарот на труд, добива шанса за амортизирање,  а во некои случаи и за решение на овој проблем. Од друга страна, младите, кои штотуку ќе  ги напуштат училишните клупи или ќе дипломираат, односно ќе завршат со формално образование,  ќе добијат можност за активирање на пазарот на труд. За неколку денови, според информации на “Фактор“  ќе се објават оперативните планови поврзани со новата мерка “Младинска гаранција“. Овој проект, кој ќе стартува како пилот во Скопје, Гостивар и Струмица,  беше најавуван повеќе месеци а сега, според информации од Министерството за труд и социјална политика, треба да профункционира.

Таргетирани се оние кои ќе завршат образование, без разлика дали е средно или високо. По нивната евиденција во Агенцијата за вработување, стапуваат на сила неколку можности.

“Во текот на првата фаза на спроведување, целна група ќе бидат само млади лица (15-29) што се новопријавени (почнувајќи од 1 јануари 2018 година) како невработени во локалните пилот центри за вработување каде што ќе се тестира системот. Профилот и потребите на младите клиенти ќе го утврдува надлежен службеник во текот на првата сесија за советување и врз основа на тоа ќе се изготви план за обезбедување на договорените услуги (контролен список за вработливост и индивидуален план за вработување“ – велат од Министерството за труд и социјална работа.

Со една од мерките,  младински советници веднаш ќе стапат во контакт со евидентираните невработени и ќе им понудат можност за дообука и доедукација. Овие обуки ќе ги спроведуваат лиценцирани фирми, соодветно на секторот во кој младите би сакале, со државна помош, да го надградат образованието. Овие обуки и едукации практично ќе бидат претходница за идно вработување. Секторски, со оваа можност се  лоцирани  ИТ бизнисот, банакрство, сметководство, управување со ризик.

“Целта на мерката е невработените лица да се стекнат со вештини во согласност со утврдените потреби од профилирање и индивидуланиот план за вработување. Со мерката е планирано да се опфатат 850 невработени регистрирани лица“ –  се наведува во  Оперативниот план.

Друга од можностите што се нуди е “практикантска работа“. Па така, соодветно на образованието но и соодветно на барањата на фирмите, ќе с епонуди практикантско работно место за кое ќе се исплаќа по 9 000 денари, со вклучено осигурување во случај на несреќа на работно место и платен персонален данок на доход. Овие  пари  ќе ги субвенционира државата во одреден период од 3 до 6 месеци.

“Целна група на оваа мерка се невработени лица до 29 години и невработени лица до 34 години со минимум завршено средно образование. Опафтот на мерката е 1 088 невработени лица евидентирани во АВРМ“ – пишува во недамна објавениот документ кои ги содржи политиките за вработување.

Сепак, познавачите коментираат дека и покрај тоа што е наведен бројот на лица кои можат да бидат опфатени со оваа мерка, постои можност за флексибилност доколку интересот е голем.

Мерката  “Младинска гаранција“ се воведува по бројните анализи и препораки дека мора да се најде решение за горливиот проблем – невработеноста кај младите.

“Поради високиот степен на младинска невработеност во Македонија и потребата од итни мерки за нејзино намалување, Националниот младински совет на Македонија како еден од клучните приоритети на работа од основањето до денес го дефинира зголемувањето на младинската вработливост во Македонија. Во таа насока како најголемо претставничко тело на младите во Македонија, ја поддржуваме иницијативата за имплементација на младинската гаранција, како сет на мерки насочени кон понуда на квалитетни услуги за младите во насока на вработување, континуирана едукација, доедукаиција, пракса и тренинг“ – пишува во еден од документите на Младинскиот национален совет, платформа која ги опсервира проблемите со кои се соочуваат младите.

Статистиките покажуваат дека кај лицата на возраст од 15 до 24 години има и најдлабока стапка на невработеност од близу 50% а според образованието, во апсолутна борјка, најголем број од невработените или 105 969 се оние со средно образование.  Во Планот за имплементација на Гаранцијата за млади се наведува дека  во периодот 2013-2016 година, порастот на вработеноста и намалувањето на невработеноста меѓу младите лица (15-29) пред сè биле поттикнати од демографските фактори (населението во оваа возрасна група се намалило за 10 проценти во периодот 2007-2016 година). Приходите од работното место биле ограничени, а најмногу заработиле младите мажи во возрасната група од 25-29 години.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ГРАЃАНИТЕ СЕПАК ШТЕДАТ: Koлку се зголемени вкупните депозити на домаќинствата?

ГРАЃАНИТЕ СЕПАК ШТЕДАТ: Koлку се зголемени вкупните депозити на домаќинствата?

ММФ: Kaкви се оценките за руската економија?

ММФ: Kaкви се оценките за руската економија?

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?