25 Април, 2024
0.0278

Вработување на младите лекари и зголемување на платите на здравствениот кадар во јавно здравство

Објавено во: Мои пари 19 Февруари, 2019

Добивај вести на Viber

Младите лекари веднаш по дипломирањето, односно добивањето лиценца ќе добијат можност за 6 месечна практична работа во здравствените домови во Република Северна Македонија, за што ќе бидат обезбедени работни места во Итната медицинска помош, вакциналните пунктови и во поливалентната патронажна служба, а потоа ќе можат да специјализираат. Ова е последна новина во низата промени за повисок стандард и подобри услови на здравствените работници во земјава.
-Како што најавивме пред неколку дена успеавме да направиме модел каде секој студент ќе добие можност за практична настава во здравствените установи. Ова е само еден од многуте чекори кои ги презема Министерството за здравство за подобрување на условите на медицинскиот кадар во земјава, изјави министерот за здравство, д-р Венко Филипче по средбата со трите здруженија на лекари специјализанти.
Претставниците од здруженијата ги поддржаа предлозите на министерот и се согласија да бидат дел од процесите со кои ќе се реализира предлогот сите лекари штом ќе добијат лиценца, веднаш да им се даде можност 6 месеци да добијат платена практична работа во Итната медицинска помош, во вакциналните пунктови и поливалентните патронажни служби.
Министерството за здравство од јануари годинава ја зголеми и основната плата на здравствените работници, здравствените соработници и помошниот технички персонал во здравството. Зголемувањето се движи од 5 до 10 проценти, при што кај лекарите-специјалисти е 10%, за медицинските сестри на клиниките-8 проценти, а останатите медицински сестри добиваат зголемување од 5 проценти. Сите останати здравствени работници добиваат 5-процентно зголемување. За администрацијата во здравството, пак, е предвидено зголемување на основната плата од 5%, од септември, годинава.
Коефициентот за дежурства е коригиран во сооднос со зголемената основна плата при што надоместоците за дежурствата на лекарите остануваат на исто ниво како што било пред зголемување на основната плата.
Како дополнување на мерките за подобрување на состојбата, Министерството за здравство, минатата година првпат обезбеди и средства за вложениот труд на специјализантите. Тие сега земаат плата за својот труд во висина од просечна плата на општ лекар.
Овие чекори овозможија привлекување нови кадри во јавното здравство, каде само минатата година се вработија 3,200 здравствени работници.
-Со ова отвораме можности и работни места за граѓаните и лекарите својата иднина да ја гледаат тука, во Република Северна Македонија. Изборот е тука, во нашата држава.
Создаваме средина за работа каде секој ќе може да се надградува, да оди напред во својата професија. Со зголемувањето на платите во здравството за вршителите на здравствена дејност значително се подобрува и унапредува статусот на здравствените работници што Министерството за здравство го почна етапно и го реализира според предвидениот распоред. Ова е уште едно дополнување на вреднувањето на трудот на здравствените работници, со цел да се поттикнат и да се мотивираат, својот придонес да го дадат во подобрување на здравствениот систем на државата”, додаде министерот Филипче.
Министерот Филипче посочи дека ова е само почеток на менување на состојбите во здравството - граѓаните заслужуваат врвна медицинска нега, а докторите достојни услови за вршење на својата дејност.

Можеби ќе ве интересира

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка