ВРАБОТУВАЊЕ: ТОП ТРИ ОГЛАСИ НА ДЕНОТ
Објавено во: Финансии 10 Мај, 2018
Ако моментално трагате по ново работно место, во соработка со Факултети.мк ви пренесуваме ТОП ТРИ ОГЛАСИ НА ДЕНОТ.
*Оглас за вработување во Македонски Телеком АД Скопје -
Служба за сајбер безбедност и заштита на податоци / Сектор за ИТ / Област на Главниот директор за техника и ИТ
Работно место: Соработник за телекомуникациска безбедност
Детали за огласот ќе најдете овде.
*Цементарница УСЈЕ АД Скопје вработува ..
ГРУПАЦИЈА ТИТАН објавува оглас за вработување на
1) Машински техничари во одржување – 2 (два) извршители
Примарна цел на машинските техничари е да извршуваат ефикасни, квалитетни и навремени сервисни активности на опремата во работни услови и за време на ремонт како би се обезбедила континуирана работа со минимален број на застои и максимална искористеност. Се грижи за исправноста, контролата на состојбата и правилно ракување со алатот, како и за чистотата и уредноста во погонот. Се грижи за исправноста на опремата и нејзина коректна работа во процесот на експлоатација. Работното време е од 08:00 – 16:00 часот.
Основната плата за работното место е од 20.000 денари.
Аплицирајте на овој линк.
*Тинекс објавува оглас за вработување за келнери и шанкери во Македонско село.
Повеќе за овој оглас ќе најдете тука.